Реклама
Македонија

Мицкоски: Вознемирив некои центри на моќ со изјавата за поткуп

Одредени центри на моќ се вознемирија од мојата изјава за обидот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одредени центри на моќ се вознемирија од мојата изјава за обидот за поткуп – рече премиерот Мицкоски од Македонска Каменица на Денот на рударите. Откако вчера обелодени дека веќе два месеци му биле вршени притисоци и на крај се обиделе да го поткупат за да потпише за тендерот за третата делница од пругата до Бугарија, Мицкоски рече дека тоа е негов начин на борба со корупцијата.

Како дел од борбата со корупцијата, во Владата ќе се формира специјален тим кој преку отворена линија ќе прима повици од граѓани за можни случаи на корупција, како од политичари, така и од административци. Целта е да се намали корупцијата, која според него е од пандемиски размери во нашата земја.

По изјавите на Мицкоски станува се поизвесно дека пропаѓа тендерот за пругата кој се однесува за делницата од Крива Паланка до бугарска граница. Рокот за доставување на понудите истече на 26 јуни и до 17-ти септември треба да се избере фирмата која ќе ја гради пругата. Мицкоски вели дека проектот претставува сериозен проблем и тој нема намера да потроши 560 милиони евра пари на граѓаните за железница која завршува „на половина тунел, во слепа улица на границата со Бугарија“. Дополнително и затоа што градежните работи во Бугарија се закочени и нема гаранција дека овој проект ќе биде финиширан онака како што е замислен. Бугарските власти треба да ја завршат и другата половина од тунелот, како и 6 километри пруга која треба да биде поврзана со постоечката од бугарска страна. Пругата до бугарската граница е тридецениски проект почнат уште во првите години од независноста на Македонија кој никако да стигне до своја завршница.