Реклама
Македонија

Мицкоски: Имаше обид да ме поткупат за пругата на Коридорот 8

Обид за поткуп на премиерот. Мицкоски информира дека трпел притисоци и имал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обид за поткуп на премиерот. Мицкоски информира дека трпел притисоци и имал обид за поткуп преку разни комуникациски канали за да го потпише тендерот за избор на фирма која треба да ја гради третата делница од пругата кон Бугарија на потегот Крива Паланка – бугарска граница. Тој не прецизираше кој стои зад овој обид за поткуп, но рече дека ги информирал институциите. Тој за ова ги известил и претставниците од Брисел кои изразиле загриженост за ситуацијата. Оваа делница треба да чини 560 милиони евра.

Мицкоски вели дека никогаш нема да го прифати овој проект поради технички и морални причини. Тој рече дека се работи за многу пари, кои треба да се потрошат за изградба на пруга која завршува во тунел без крај. Дополнително и затоа што динамиката од бугарска страна не е на завидно ниво. Дијалогот со Бугарите ќе се одвива во Брисел на високо ниво, процес што ќе го фасилитира Европската комисија.

Мицкоски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани ја презентираа Нацрт реформската агенда. Таа вклучува низа рефиорми на кои државата се обврзува за да го зголеми економскиот раст, интеграцијата со пазарот на Унијата и пристап на граѓаните до придобивките од Еу пред земјава да стане нејзин член.

Реклама

Според планот за раст на ЕУ, на земјава треба да и припаднат над 750 милиони евра од кои 250 милиони евра се грант, а 500 милиони заеми со поволни услови и рок на отплата до 40 години. По усвојувањето на реформската агенда од Брисел и потпишување на двата договори, едниот за раст и реформи, а вториот за заем, Македонија ќе може да ја повлече првата транша од 7% или 52,5 милиони евра од вкупната сума. Земјава главно ќе аплицира со инфраструктурни проекти за патната и железничката делница долж Коридорите 8 и 10.