Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Прилози

Преспанското езеро исчезнува, за една година „паднало“ за 39 сантиметри

Преспанското езеро буквално го снемува. Дека нашето второ по големина природно езеро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преспанското езеро буквално го снемува. Дека нашето второ по големина природно езеро има најнизок водостој во последниот век и забрзано исчезнува говори податокот дека во однос на истиов период лани,нивото е пониско за цели 39 см, а од 258-те квадратни километри вкупна површина, за една година неповратно се изгубени околу 100 милиони кубни метри вода.Природонаучниците од Хидробиолошкиот завод го вклучија алармот ,покрај климатските промени и неповолната хидролошка состојба, причина за ваквата апокалиптична состојба на Преспанско,е човекот.Во услови кога пресушуваат дел од реките кои го полнат езерото,водата неконтролирано се користи за наводнување.

„Во лето Источка река пресушува, нешто повеќе вода има Брајчинска река и таа е со нешто подобар квалитет.Крајнска река е исто така загадена, а најзагадена е Голема река која што во лето за жал има чисто комунална отпадна вода. Претежно доминираат индикатори за фекално загадување, ешерихија коли индикатор за свежо фекално загадување што покажува дека постојано во реката се испуштаат непречистени комунални отпадни води. И населбите исто така се големи загадувачи,имаат несодветни септички јами,во сливот на реките има селски населби кои што воопшто не се приклучени, нема колектор“, вели Ленче Локоска од Хидробиолошки завод.

„И на самите мештаните им се укажува на рационално искористување на водата од Преспанскиот регион, односно водата од езерото преку тие бунари кои што се, да се сведе на минимум затоа што основата причина за губењето на водата, за варирањето на нивото на водата во Преспанско претставува и неконтролираното црпење за наводнување, но не само од македонска страна. Не се знае точниот број на бунари од сите три земји кои што се користат за наводнување”-вели Елизабета Сарафилоска од Хидробиолошки завод

Реклама

Повлекувањето на водата долж брегот е од неколку стотици метри па се до 3 километри, во зависност од конфигурацијата . За илустрација,максималната длабочина кај месноста Казан е околу 30 метри, а кај Стење до загрижувачки 13 метри. Има места каде што не можеме да земеме примерок на вода за испитување од крајбежниот појас кој се протега од Долно Дупени до Претор -загрижени се природонаучниците.

Има тиња каде што нашите технички рабоници, а и ние со нив не можеме да влеземе да земеме проба, затоа што доаѓа до тонење како во жив песок

Има делови каде што се повлекува водата, тоа е обрастено со трева тоа веќе настанале ливади”-вели Локоска

Еспертите сугерираат да се испита состојбата и капацитетот на површинските дотеци кои се влеваат во езерото, да се отстрани целиот механички нанос и биолошки отпад од крајбрежјето и властите од сите три држави под итно да седнат на иста маса и да најдат спас за Преспанско.

Росица Голабоска