Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Скопје се соочува со колапс и на такси превозот, Арсовска не најде реашание за „дивите“

Такси превозот во Скопје пред колапс. На улиците се помалку има легални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Такси превозот во Скопје пред колапс. На улиците се помалку има легални такси возила, а наместо нив на секој чекор диви таксисти без лиценци им наплаќаат на граѓаните и двојно повеќе, а возат и со небезбедни автомобили.

Од Групацијата на авто такси превозници на град Скопје, прстот го посочија кон градоначалничакта Данела Арсовска за која велат дека нема никаква контрола ниту стратегија. Како надлежен орган за издавање на лиценци и како организатор на авто такси дејноста, Арсовска не ги почитува и спроведува законите.

Градот Скопје на чело со градоначалникот Данела Арсовска се одговорни за авто такси хаосот во Скопје, бидејќи Градот како надлежен орган за издавање лиценци и како организатор на авто такси дејноста не ги почитува и спроведува Законите и одлуките, односно градоначалникот не ги активира и не им дава поддршка на инспекторите за патен сообраќај на град Скопје, да си ја вршат работата и да го решат хаосот во такси дејноста“, изјави Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на авто такси превозници на Град Скопје и член на Советот за сообраќај на Град Скопје.

Реклама

Од групацијата на авто такси превозници сметаат дека најголем дел од проблемите повеќето такисти возат на диво, без лиценци и без фискални таксиметри. Дополнителен проблем е што за да се викне такси возило преку регистрираните компании се врти и по еден час.  Проблемот се јавува особено навечер, кога нема шанси да се најде кола, па граѓаните ги користат услугите на дивите таксисти кои си наплатуваат како ќе им текне.

Од групацијата велат дека овие проблеми ги немало односно биле незабележителни во времето кога со градот раководел поранешниот градоначалник Коце Трајановски.

Инаку такси превозот во Скопје поскапе пред две години со одлука на Советот на Град Скопје. Со тогашната одлука се предвиде цената да се формира во зависност од тоа колку е горивото, а сегашната цена по која возат таксистите е 40 денари од старт и 25 денари за секој изминат километар.

Љубиша Владимиров