Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Ѓорѓиевски: Арсовска да престане да се меша во работата на јавните претпријатија и да не менува директори секој месец

Данела Арсовска да престане да им се меша во работата на директорите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Данела Арсовска да престане да им се меша во работата на директорите на јавните претпријатија и да престане да ги менува секој месец. Во спротивно Скопје ќе продолжи да се дави во смет и депонии и градот ќе биде нефункционален – вели за Алфа поранешниот долгогодишен оперативен директор во „Комунална хигиена“, Лазе Ѓорѓиевски, според кој проблемот лежи во градоначалничката и нејзиното менаџирање на градот и претпријатијата.

Тој вели дека Арсовска не им остава доволно простор и време на директорите да си ја вршат работата и да ги завршат сите оперативните планови и програми со кои дошле на функцијата.

„Тоа што Арсовска Данела поставува директори, меѓутоа не треба да им се меша во работењето на претпријатието. Претпријатието си има оперативен план и програма и си работи по оперативне план и програма…  Даниела треба да даде, не месец, два, три па мењај. Остави простор, затоа што секој нов директор внатре има професионалци. Јас оставив добри раководители уште кога отидов во пензија пред три години, што ја знаат работата“, вели Лазе Ѓорѓиевски поранешен долгогодишен оперативен директор во претпријатието „Комунална Хигиена“.  

Реклама

Според Ѓорѓиевски за надминување на состојбите, Арсовска треба на раководните места да назначи професионалци, а советниците во градот да ја гласаат програмата за работа, но најважно од сѐ е да се воведе комунална полиција и да се почитува комуналниот ред.

„Спасот е многу едноставен. На наредна седница да се формира комунална полиција, како во Белград. Мора. Коце 80 редари донесе во негово време, меѓутоа ги нема луѓето. Ние имаме еко-патрола во комунална која работи само на составување на записник и тоа едукативно“, вели Лазе Ѓорѓиевски поранешен долгогодишен оперативен директор во претпријатието „Комунална Хигиена“.

Арсовска досега смени околу 50 директори, а најновиот во „Комунална хигиена“ Јетон Незири наместо да почне да го решава проблемот со ѓубрето и истото навреме го собира од улиците низ Скопје, тој за расфрланиот отпад ги обвини граѓаните.

Незири, тврди дека работеле баш како што треба, а за страшниот изглед на градот што од ден во ден станува се поголем извор на зараза, не ја гледа вината кај себе и градоначалничката, туку за „Алфа“ ни одговори дека граѓаните биле виновни што Скопје изгледа како огромна депонија.

Инаку Ѓорѓиевски не се согласува со предлогот јавните претпријатија да се трансформираат и дел од ингеренциите за чистењето на градот да ги преземат градоначалниците на скопските општини. Според него овие промени нема да донесат ништо ново и на тој начин нема да се решат проблемите на Скопјани. Само ќе резултира со масовни отпуштања и 1300 вработени во „Комунална хигиена“ ќе останат на улица, тврди нашиот соговорник.

Љубиша Владимиров