Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

„Храбро срце“ моли што поскоро да се прошири листата на позитивни лекови и со за нив неопходниот „Ентресто“

По онколошките и пациентите со механичка потпора на срце молат,на следното ревидирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По онколошките и пациентите со механичка потпора на срце молат,на следното ревидирање на позитивната листа на лекови,да се стави за нив толку потребниот лек ентресто кој пред два месеци конечно го регистрираше Агенцијата за лекови Малмед.

Пациентите сега сами се снаоѓаат само за да дојдат до лекот кој кај нас чини околу 7.000 денари. Згора на се’ овие пациенти на кои пумпите им ја заменуваат работата на срцето сеуште не можат да го остварат правото на бесплатна партиципација, иако пред 7 месеци е донесена одлуката со која се ослободуваат од плаќање на баснословните суми потребни за нивно лекување.

Од здружението “Храбро срце” со апел до министерот Тарвари час поскоро да се направи првата трансплантација за замена на вештачка пумпа со срце од донор.

Реклама

„Што поскоро да ги консолидира тимовите за трансплантација бидејќи со министерот во заминување што беше, се направија катастрофални чекори кои што имаат последици, два месеци практично тимот за трансплантација не е функционален, е дисфунционален и да се вложи многу повеќе во сферата на трансплантациите, а тоа ќе значи и намалување на сретствата во буџетот за трошкови“, вели Васко Јолески,претседател на здружнието „Храбро срце”

Деновите од животот им се бројат, а секој ден и гледаат на смртта во очи,ова не е живот туку измачување,велат нивните најблиски.

„Постојано се соочуваме со предизвици од типот дали имаме струја, дали немаме практично сите пациенти живеат како мобилен телефон, дење се приклучени на батерии,ноќе се приклучени на штекер, на струја така што овие работи воопшто не се лесни”, вели Ирена Ралева Најдевска од „Храбро срце”

„Со самото тоа што ние наместо срце имаме пумпа,кај  нас сите органи се преоптеретени од притисок, ние постојано крвариме дали од нос дали од други места каде што има капилари кои што пукаат”, додава Јолески

Бројот на пациенти впишпани во националната листа за трансплантација се зголемува, најмладиот пациент е девојка на 29 годишна возраст. Инаку  стотина лица во Македонија со години чекаат за трансплантација на органи. Дваесеттина лица се на листата за трансплантација на срце, петанесеттина за црн дрб, а дури 47 за бубрег, најмаладите од нив се на 16 односно 17 годишна возраст.

Росица Голабоска