Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Во пожарите во Светиниколско изгореа над 150 хектари површина, пријавени се штети од педесетина куќи

Потребни ќе бидат години за Овчеполието, целосно заздрави од големиот пожар што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребни ќе бидат години за Овчеполието, целосно заздрави од големиот пожар што беснеше на почетокот од август.  Огнот пеплоса педесеттина куќи, трактори, плевни. Изгореа и над 150хектари површина. Ова се првичните анализи, направени од она што граѓаните  досега го пријавиле, објаснува градоначалникот на Свети Николе.  

„Се пријавени околу педесетина куќи. Во дел од нив се живеело, а има и такви кои периодично ги користеле, најчесто за викендите. Има изгорено околу 30 плевни, 10 машини од земјоделска механизација, пчелни семејства. Има голема штета на територијата на опожарени подрачја„ изјави градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев.

 Според извештајот, најголемата битка со пламените јазици се водела во село Немањци. Во ова село има и најмногу изгорени куќи. На тој  30 јули кога  огнот буквално го проголта селото, а пожарникари и цивили со натчовечки сили  ги бранеа имототите, екипа на Тв Алфа беше нем сведок на тие апокалиптични сцени.

Реклама

Своите штети граѓаните може да ги пријавуваат до крајот на месецот. Во меѓувреме во  црквите и Црвениот крст во Свети Николе  се уште има пунктови каде се прибираат донации. Невладини организации, приватни лица, како и општествено одговорни компании веќе ја покажуваат својата солидарност на дело.

 „На граѓаните во тој дел најнормално им се потребни хигиенски средства, мебел, резервни делови за машини , пелени и храна„ изјави градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев.

Големиот  пожар во Овчеполието, беше еден од потешките. Освен во Немањци, битка  со огнот се водеше и во селата Орел, Малино и Стројманци. Густата чад  од огнената стихија , се чувствуваше во Штип и Велес.

Александра Ристевска