Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

После два месеци битка со огнените јазици, Македонија конечно може да здивне: Дождот ги изгаси пожарите

После месец и половина Македонија може да здивне. Дождот им помогна на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После месец и половина Македонија може да здивне. Дождот им помогна на пожарникарите во гаснењето на пожарите, но сепак, се уште постојат неколку помали жаришта, а надлежните велат дека будно ја следат состојбата на терен.

„Сите тешки пожари со помош на дождот се доизгаснати. Активни се неколку помали пожари со кои ќе се справиме во текот на денешниот ден“, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

ЦУК објави и дека дождот го изгаснал големиот пожар на Галичица, а жителите од овој регион на социјалните мрежи објавуваа видеа од силното невреме со град со пораки дека националниот парк е спасен.

Реклама

Пожарот на Галичица гореше 13 дена и на преспанската и на охридската страна од планината, а во гаснењето деновиве беа вклучени 120 лица и повеќе воздухоплови.  Како што велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), на Галичица веќе нема оган, а под контрола е ставен и пожарот кај Јасен, кој гори 25 дена.

Куманово исто беше зафатено со пороен дожд, проследен со грмежи, ситен град и силен ветер. Но и покрај дождот, од тамошниот регионален центар за управување со кризи информираа дека денеска интервенирале во Старо Нагоричане каде избиле два пожари предизвикани од удар на гром.

Имало и пријави за одрони во руралните средини Липковско и Старо Нагоричане, а дел од улиците во Куманово се излеала вода и сообраќајот бил отежнат, па екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, излегоа на терен да ги отстранат паднатите гранки и старите дрвја.

Од Национални шуми засега не добивме одговор за штетите кои ги предизвикаа пожарите, но досега огнените стихии пеплосаа над 1000 хектари само во атарите на Кочани и Карбинци, а пламените јазици проголтаа борови шуми стари триесет години, лозја, неожнеани ниви со житарици, но испишаа и човечки судбини. Речиси 9000 хектари шума или колку 12.000 фудбалски игралишта пеплосаа пожарите само на планината Серта. Само во последното деноноќие во пожарите во пробиштипско изгореа до 300 хектари борова шума и трева.

Земјава речичи два месеца се бори со пожарите на отворено, па мораше да биде повикана и странска помош. Владата обезбеди 52 милиони денари од државните резерви за 2024 година, за зголемување на буџетот на Дирекцијата за заштита и спасување за подмирување на трошоците за гаснење на пожарите,

Извештаите на Центарот за управување со кризи, покажаа дека од овие средства 41 милион денари се за (ДЗС), додека 10,5 милиони се за покривање на трошоците за сместување, храна и транспорт за персоналот при престојот во државава на странската помош за справување со пожарите.

Љубиша Владимиров