Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Тринаесет дена гори Галичица

Tринаесетти ден Галичица во пламен. Со натчовечки напори беспоштедно над 100 доброволци,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Tринаесетти ден Галичица во пламен. Со натчовечки напори беспоштедно над 100 доброволци, планинари, пожарникари, членови на служби за спасување се борат и не дозволуваат огнот да ја однесе најубавата шума на северните падини од строго заштитената зона на Националниот парк Галичица. За жал, огнот сеуште сурово ги пустоши источната и западната страна, каде неповратно се уништува значаен екосистем, кој тешко ќе се обнови. Според првичните информации до овој момент пламените јазици проголтаа над 6.500 хектари површина. Буквално е пеплосана цела Стара Галичица и ова е најголемиот пожар што некогаш го зафатил планинскиот масив. Од утринава пожарот повторно се гаси и од копно и од воздух со два хеликоптери. Се употребуваат сите локални и национални ресурси,велат од ЦУК, но опасноста од проширување и возобновување на пожарот секогаш е голема бидејќи Галичица е многу специфична планина.

 “Се работи за многу стрмни падини, се работи за варовничка структура која што има во себе многу шуплини, многу подземни процепи кои што пак во процес на опожарување прават дополнителен проблем,бидејќи сведоци сме и во поранешните опожарувања вака масовни на планинскиот масив Галичица каде што доаѓа до подземно проширување на пожарот, бидејќи се гаси на оваа локација на 10-15 метра може да се појави повторно манифестација на пожарот”-вели  Митко Темелков-ЦУК

Пожарот најтешко се гасне на западниот фронт во месноста Зли дол каде што е исклучиво тешко да се дејствува поради непристапниот терен и за луѓе а камоли за механизација или друг вид помошни сретства.Таму од првиот ден е охридскиот планинар Ромео Ристески.

Реклама

 “Не можам јас бар да кажам дека имаме напредок.Преку ден го совладуваме пожарот, го гасниме,навечер ни се пали.Тоа значи дека сепак треба поголема поддршка да го изгаснеме за преку ноќ да ги нема истите жаришта.Тоа место вчера што го изгаснавме, сабајлево ни е 20 метра пак пробиено.Значи ни треба технологија,сабајлево повикавме булдожер да го го обнови посточекиот пат за да не може да слегува надолу”-вели Ромео Ристески,планинар

Гори високо квалитетна шума,нагло се менува правецот на дејствување на ветрот,траспортот на вода оди тешко,носиме рачно со импровозирани лостови,вода се носи и со коњи,се прави се за да се спаси тоа што остана од Галичица.Воопшто не е доведена безбедноста на населението од Љубаништа и неблагорадни се коментарите на социјалните мрежи, зад тастатура лесно се мудрува,вели Ристески – ако не можете да помогнете, тогаш не одмогнувајте порачува тој. Она што во овој момент ни недостасува се радиостаници полесно да се координираме меѓу себе.

Инаку од сите страни се нуди помош, од дома и од надвор, туристи планинари кои дошле на викенд наместо да уживаат се приклучија во гаснење на огнената стихија оти Гачица е наш дом. Проширување на пожарот во масовен обем не треба да има оти се дејствува сериозно, велат надлежните.

Новинар Росица Голабоска 

Снимател,монтажа Златко Маневски