Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Директорот на „Комунална хигиена“ ги обвини граѓаните за депониите во Скопје

Скопје се удави во смет и депонии, заради неработењето на јавното комунално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје се удави во смет и депонии, заради неработењето на јавното комунално претпријатие и несоодветниот однос на најодговорната, градоначалничката Данела Арсовска.

Ама, новоназначениот директор на комунална, Јетон Незири, тврди дека работеле баш како што треба, а за страшниот изглед на градот што од ден во ден станува се поголем извор на зараза, ги обвини граѓаните. Вели, оние кои го фрлале сметот околу контејнерите биле виновни што Скопје изгледа како огромна депонија.

Но ова не го добивме како изјава во камера. Незири изутрината не излезе пред екипата на Алфа во неговото претпријатие.

Реклама

„Утринава се обидовме да добиеме изјава од новиот директор Јетон Незири. Тука во претпријатието „Комунална хигиена“ прво ни рекоа да почекаме затоа што бил на состанок, а по 30 минути ни беше кажано да испратиме барање за средба преку мејл“.

По официјалното испратено барање, Незири не ни даде изјава во камера, туку ни одговори во електронска пошта. Во првиот дел од одговорот практично ги обвинува граѓаните дека несоодветно фрлаат ѓубре.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно го собира и транспортира комуналниот отпад и ја одржува хигиената на јавните и на сообраќајните површини без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје и Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје. Дивите депонии се создаваат како резултат на несовесното и непрописно одлагање отпад од страна на поединци надвор од поставените садови, односно на јавни или сообраќајни површини“, велат од „Комунална хигиена – Скопје“.

Но во вториот дел се себедемантира признавајќи дека сепак во целост не го спроведувале оперативниот план како што треба.

„Во моментов ЈП Комунална хигиена- Скопје не е во состојба во целост да го спроведе Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје поради неможноста за ангажирање сезонски работници од причина што Програмата за дополнителни активности во делот на јавната чистота на подрачјето на град Скопје во неколку наврати не е усвоена од страна на Советот на Градот Скопје“, велат од „Комунална хигиена – Скопје“.

И додека градот се дави во смет градоначалниците на општините веќе поднесоа барање до владата за одземање на ингеренциите на Арсовска, во делот на јавното комунално претпријатие и „Паркови и зеленило“.

Откако таа е градоначалник претпријатието „Комунална хигиена“ смени четворица директори. Незири дојде на местото на Гоце Трајковски, кого пак Арсовска го назначи во октомври минатата година. Досега остана енигма неговото разрешување. Трајковски беше назначен како нов директор откако неговата претходничка Косана Мазнева Николиќ се скара со Данела Арсовска со која се на суд.

Љубиша Владимиров