Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Прилози

23 години од Рамковниот договор: Го донесе мирот, Ахмети сега се заканува дека ако не се соработувало со ДУИ немало да има Македонци

Рамковниот договор го донесе мирот и денес е дел од законите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рамковниот договор го донесе мирот и денес е дел од законите и Уставот на Македонија. Ниту една од страните не беше до крај среќна по неговото потпишување, но тој го донесе најпотребното и најбараното во тој момент, порача премиерот Христијан Мицкоски на свечената владина седница за одбелување на 23 годишнината од неговот потпишување, што значеше и официјален крај на воениот конфликт во 2001-ва година. Вели дел од политичарите во државава, договорот од Охрид го користат само за лични интереси и богатење.

-Многу долго одредени политички елити Рамковниот договор, но и етничките права воопшто како такви ги користат како прекривка за прикривање на своите лични, најчесто лукративни интереси, но и фактот дека предолго и преинтензивно етничките теми се злоупотребуваат. Се градат кариери во тоа име, додека реалниот живот, животот на оние кои подеднакво го делат секојдневието, како и сите останати граѓани е се потежок и понесреќен, изјави Мицкоски.

Дека некои си го користеле Рамковниот договор само за богатење согласен е и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити. Вели веќе минато се политичарите кои си го презентирале како лична партиска победа.

Реклама

-Оваа нова Влада не е само на зборови и затоа јас сакам да се заблагодарам на нашиот премиер на оваа Влада,  затоа што милијарда евра ќе даде на сите општини за децентрализација, што е дел и од Рамковниот договор и што ќе решава многу есенцијални проблеми во нашите населени места, во нашите општини, во функција на подобар живот на сите во граѓани во Македонија, изјава Меџити.

ДУИ очигледно и повеќе од тешко го прифаќа фактот дека не е опозиција, па иако поканети решија да не присуствуваат на владините одбележувања. Си направија своја паралелна и приватна прослава. Главната порака беше дека власта била нелигитимна бидејќи тие веќе не се во удобните фотелји. Али Ахмети дури и испрати и еден вид затскриена закана, дека доколку не се соработувало со нив, немало да постојат Македонците.

-Македонците како народ, нација може да одат напред само во комуникација и усогласеност и во добри односи со Албанците. Инаку ќе ги голтнат Србите, Албанците и Грците. Можеме да ја зачуваме историјата, идентетот, може да го зачуваат својот идентитет, инаку се дестинирани да не постојат воопшто, изјави Ахмети.

Рамковниот договор кој значеше крај на воениот конфликт во 2001-ва го потпишаа тогашниот претседател Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Арбен Џабери, Имер Имери, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

Матеја Петровски