Навистина овој фестивал многу ни влијаеше во тоа да не поддржи да продолжиме, да не поттикне да се занимаваме со оваа работа, вели младата студетка по режија Софија Христовска.
Младите кинематографи беа главен фокус на третиот филмски фестивал „Преку езерото“ во Дојран. Токму тие се оние најзадоволните од тоа што го добија како искуство во периодот од седми до 11-ти август, каде имаа можност да работат и учат од еминенти имиња во филмската индустрија. На фестивалот имаше и жири составено токму од студенти по режија кои самите оценуваат кој филм според нив е најдобар. Едногласни се дека е многу добро што некој во државата конечно мисли на нив.
-Ние сме иднината на филмот и мора некој да те научи тие први чекори да ги земеш, кон овој свет така да дружбата и учењето беа едно на овој фестивал и тоа беше прекрасно, изјави младата режисерка по режија Марија Грчева.

-Јас сум многу задоволна за целото времетраење на фестивалот добивавме екстремна помош за подготовка на нашите сценарија и чуствувавме цело време поддршка. Со самото тоа што не поддржуваат ни влева многу надеж за да се трудиме понатака во тоа што го сакаме, изјави Софија Христовска.
-Па мислам дека ова со фестивалот што го прават е супер што инвестираат во младите и би било супер ако продолжат да го прават тоа, изјави младиот студент по режија Кристијан Костадиновски.
Директорот на фестивалот Јани Бојаџи изрази големо задоволство од тоа како минал преку „Преку езерото“, кој веќе прераснува во еден еминентен и фестивал со традиција во тој дел дел од Македонија.
-За жал поттикнати од катастрофалната ситуација во која е доведена Агенцијата за филм, која е бувкално за жал опљачкана. И Агенцијата за филм оваа година доделувала само 300 евра средства за дипломски филм за студентите по филм и телевизија во Македонија, ние решивме така да се каже да ги земеме работите во свои раце, да не се создаде едно чувство кај студентите дека се заборавени дека никој не се грижи за нив. Се собравме десетина луѓе, десетина продукции, направивме еден фонд од 50.000 евра, изјави Бојаџи.
Главната награда именувана по легендата на македонското актерство Мето Јовановски, ја доби еден од најискусните и најдобри актери во Македонија Владо Јовановски. Вели фестивалот е одлично освежување на македонската филмска сцена.
-Во името на Мето Јовановски како да е собран целиот македонски и балкански талент, сите наши фрустрации, дарби и размислувања и прашања и емоции, хумор. Значи тоа беше една габаритна личност, еден голем глумец кој не задолжи сите нас, изјави Владо Јовановски.
Дел од жирито кое одлучуваше за главните награди беа Владо Јовановски, српскиот режисер Предраг Милојевиќ и грчката режисерка Електра Венаки. Сите се едногласни „Преку езерото“ е вистинска можност за промоција на балканскиот и медитеранскиот филм.
-Едно добро и плодно тло за нешто што ќе биде идната кинематографија и идната основа на едно друштво кое што треба да биде за гордост на едно почесно, поправедно и секако едно попаметно друштво, изјави Милојевиќ.
-Јас мислам дека ова е одлична шанса за регионот да има фестивал тука. И бидејќи ги знам многу добро организаторите, тука може да се креира публика, тоа е многу важно за време на летото со туристите. Вие можете да креирате нова публика за медитеранските филмови, изјави Венаки.
Една од наградените беше и Ивана Шекутковска, која по неколку меѓународни награди, изрази задоволство што конечно добила признание и на домашен фестивал.
-Стварно мислам дека е за поздрав целата иницијатива и публиката исто одличнор реагираше на проекциите. Сметам дека и селекцијата беше одлична, бидејќи имаше одлични филмови кои што успеавме да ги поглднеме и кои што беа исто за широка публика, изјави Венаки.
Фестивалот се одржа покрај Дојранското езеро кое долги години е во катастрофална состојба. Актерот Владо Јовановски, вели дека во иднина мора да се преземе нешто за состојбите да се подобрат и да не го изгубиме овој бисер во државата.
-Веќе две и пол години езерото не се полни со свежа вода од системот Ѓават, под наводници нели скапо било. А зар е евтино ако исчезне езерото, после што ќе го нацртаме, како ќе го создадеме, од Бога е создадено, изјави Јовановски.
Награди добија и грчката дистописка драма „Тишина 6-9“ на режисерот Христос Пасалис. Најдобар краток фил беше „Човекот кој не знае да молчи“ на Небојша Слепчевиќ. За најдобри режисери на медитеранот прогласени беа Александар Лазаровски и Ѓорче Ставревски.
Матеја Петровски
