Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Скопје со температури на 40 степени, Македонија во портокалова фаза

Македонија повторно влезе во портокалова фаза, а топлотниот бран ќе продолжи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија повторно влезе во портокалова фаза, а топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови.

Во центарот на Скопје на некои места живата на термометарот стигна и над 40 степени, а енормно жешкото време ќе потрае до среда кога се очекува благо намалување на температурата.  

Од владата брзо реагираа со носење на сет мерки за заштита на населението. Тие ќе важат до среда. Лекарите предупредуваат да се избегнува излегување на отворено во најтоплиот период од денот, од 11-17 часот, особено повозрасните луѓе и хронично болните.

Реклама

Апелираат да се внесуваат повеќе течности, да се носи соодветна заштита од сонце и да се почитуваат заштитните мерки.

„Па овие три дена нашата држава е веќе во портокалова фаза навлезена, високи температури, треба да се почитуваат препораките на Министерството за здравство, односно од 11 часот до 17 часот, тој временски период да не се излегува, доколку немаат потреба граѓаните, доколку имаат потреба треба да бидат адекватно облечени, што подразбираме под тоа, значи да носат лесна памучна облека со светла облека, заштитена глава и да носат со себе вода, да се хидрираат“, вели доктор Маргарета Атанасовска Трипуновска.

И додека државата е под силен топлотен бран, секој се разладува како знае и умее. Граѓаните велат дека ги слушаат апелите на лекарите, но дневните обврскит мора да се завршат.

Од УХМР велат дека во втората половина од претстојната седмица, ќе има незначителен пад на температурата, само за степен до два. Се очекува веќе од 19 август, температурата да се движи од 33 до максимум, 38иот степен.

Љубиша Владимиров