Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Владата ќе ја разреши Афрона Веризволи од главен ревизор на ИПА фондови

Афрона Веризволи по само неколку дена директорување ќе биде разрешена од Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Афрона Веризволи по само неколку дена директорување ќе биде разрешена од Владата од позицијата прв човек на Телото за ревизија на ИПА Фондовите.

Таа на позицијата дојде по предлог на Вреди, а во јавноста се реагираше дека не ги исполнува условите и дека нема лиценца за ревизор.

 „Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра“, брифираат од Владата.

Реклама

Оттаму наведуваат дека пренасочувањето на вниманието кон други теми го толкуваат како бегство од одговорност за ваквите злоупотреби. И од коалицијата ВЛЕН, од каде што доаѓа Вервизоли, соопштија дека ќе биде назначено друго лице.

Ја информираме јавноста дека коалицијата ВЛЕН уште пред неколку дена го повлече именувањето на Афрона Веризволи како ревизорка на ИПА фондовите. Иако Веризволи има одлично CV и значително професионално искуство, донесовме одлука таа да биде привремено заменета со друг кадар од нашите редови. Оваа одлука е направена со цел да се осигура дека сите строги стандарди и барања на Европската Унија ќе бидат целосно исполнети, додека Афрона го заврши својот обврска со добивање на сертификатот“, гласи соопштението на коалицијата.

Претходно опозициската СДСМ реагираше дека се поставуваат  несоодветни кадри,а  владејчаката ВМРО-ДПМНЕ порача дека ќе има одговорност за злоупотребите на европските пари.

Инаку услов за главен ревизор е кандидатот да има соодветна стручност, знаење и искуство во областа на ревизијата, уверение за стекнато звање од областа на ревизијата и дa поседуваaт еден од неколкуте меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години. Главниот ревизор за ИПА фондовите и целото ревизорско тело отчет даваат и пред ЕУ. За случајот со Веризволи,  по инфомациите во јавноста дека таа имала единствено искуство од работа во банка се заинтересираа и  Државната комисија за спречување на корупцијата и Делегацијата на ЕУ во земјава.