Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Полициските дронови даваат резултати – Приведени две лица за незаконска сеча на планината Серта

Полициските дронови даваат резултати. Полицијата фати дрвокрадци како сечат шума на планината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициските дронови даваат резултати. Полицијата фати дрвокрадци како сечат шума на планината Серта каде со деновие беснееја најголемите пожари. Уапсени се двајца мажи од штипското селото Селце на возраст од 19 и 43 години.

„Од нив биле одземени трактор со приколка, две моторни пили и исечените дрва. Бил извршен и претрес во нивниот дом, при што биле пронајдени и одземени испратници и одобренија за сеча на дрвна маса, издадени од ЈП „Национални шуми“, фотокопии од лични карти за кои се поднесувале барања за добивање на одобренија за сеча, воздушна пушка, две канти со бензин, импровизирана направа за центрирање на оптика за огнено оружје и други предмети поврзани со делото“, информира МВР.

Полицијата влегла и во штипското подрачје на „Национални шуми“ и била одземена документација.  По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Штип најави дека ќе поднесе кривична пријава против двајцата дрвокрадци.

Реклама

Кривична пријава веќе заработи и 57 годишен прилепчанец  кој се сомничи за предизвикување на шумските пожари кај Македонски брод.

„Полициски службеници од Македонски Брод го затекнале пријавениот Д.Т. на местото на настанување на пожар и при преглед кај него биле пронајдени предмети со кои може да се предизвика пожар. Со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој ги признал делата” информира МВР.

Во јули биле регистрирани 765 пожари од пошироки размери, соопшти Центарот за управување со кризи. Најголем дел од пожарите зафатиле висока сува трева, стрништа, нискостеблеста, деградирана шума и депонии.  Вкупно 608 пожари се регистрирани на ваков терен, а 157 биле шумски пожари, кои ја прават најголемата штета.  Беснеат уште два пожари кај Македонски брод и Студеничани, а седум се под контрола.

Љубиша Владимиров