Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Алфа во затворот Идризово: Животно трагедии и стории испреплетени меѓу четири ѕидови и решетки

Алфа влезе во женското одделение на Идризово.Осуденичките се растрчаа и пикнаа по…

Сподели:

Алфа влезе во женското одделение на Идризово.Осуденичките се растрчаа и пикнаа по собите криејќи се од камерата, а најхрабрата од нив, се осмели да зборува. Ја начекавме, откако веќе си го имаше сварено попладневното кафе.

После 12 години боксови, тупаници, секојдневно физичко и психичко тортурирање, последниве 3 години се чувствува безбедно. Има кој да ја сослуша, а и никој не ја тепа ниту малтретира. 42 годишната Анита Стојова од Тетово  е осудена на 8 години затвор и лежи во Идризово зашто на спиење го убила сопругот кој повеќе од една деценија се изживувал со неа. Пријавувала, но залудно. Ниту една институција на време не презела ништо.

Условите во Идризово не се сјајни, но персоналот со неа е грижлив, раскажува Стојова. Освен затворскиот персонал, Стојова добива искра топлина и од затворските миленици, кучињата и мачките што се вртат околу женското одделение.

Реклама

42 годишната тетовчанка првостепено била осудена на 5 години, но откако обвинителството се пожалило за казната и тврди дека таа со умисла го убила сопругот, Апелација ја досудува на 8 години затвор.

Анита Стојова не е единствена жртва на семејно насилство на која и пукнал филмот и го убила сопругот што ја тепал, барем по нејзините тврдења.

Судот ја ослободи од обвинение велешанката Павлинка Иловска, која со нож го усмрти својот насилен партнер, полицаец од Велес. Таа одговараше за кривично дело убиство во миг.

Според статисиката на МВР, во последните 4 години над 90 отсто од насилниците се мажи, а жртвите најчесто се жени, поточно сопруги или мајки. Во овој период се убиени 22 лица во случаи на семејно насилство.

Од 2020 наваму секоја година расте бројката на кривични пријави за семејно насилство. Само во 2023 имало 1082 пријави, но бројките се далеку од реалните, оти според невладините, само 2 отсто од жртвите се охрабруваат да пријават во полиција. Друг проблем е што 80 проценти од оние кои пријавуваат, потоа се повлекуваат од кривично гонење. Жртвите прозборуваат само кога последиците од ќотекот ќе станат видливи.