Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Пунктот за донации во Скопје преполн, во следните денови да се донира само храна и лекови

Хуманост и висока граѓанска свест покажаа скопјани дарувајќи храна, облека и лекови…

Сподели:

Хуманост и висока граѓанска свест покажаа скопјани дарувајќи храна, облека и лекови за погодените во пожарите во Македонија. Хуманитарниот пункт во Скопје кој беше отворен во понеделникот е преполн со донации, па следните два дена организаторите велат дека ќе можат да примаат само храна и лекови.

Останатите материјални добра како облека, обувки, мебел и душеци граѓаните ќе можат да ги донираат од петок. Пунктот кој се наоѓа до „Ист Гејт мол“ е отворен од 16 до 20 часот.

„Овие два три дена доаѓаат автомобили превземаат и за источна Македонија и за некои семејства за што се тука во Скопје. Најмногу донираат облека, душеци, перници, постелнина, храна, лекови, вода. Ние сме со автомобили моментално и другите невладини со автомобили ги носиме“, вели Владимир Чолаковски од „Хуманитарни акции.мк“.

Реклама

Од „Хуманитарни акции“, велат дека имаат организиран превоз, но и голем број граѓани самите се нуделе, со сопствени автомобили, да ја однесат помоштта на оние на кои им е најпотребна. 

Голем број од семејствата кои беа погодени во пожарите се згрижени и за почеток им се потребни најнеопходните работи, велат од „Хуманитарни акции.мк“, а во иднина се планира и акција со која ќе им се обноват домовите, за да може да имаат повторно нормален живот. Велат дека имаат стратегија како да ги поврзат оние кои сакаат да донираат и оние на кои помоштта им е потребна.

„Имаме преку стотина семејства кои што ни донираат мебел, шпорети, се што треба за покуќнина. Но, сакаме да направиме еден состанок, на еден многу убав начин, да ги споиме сите граѓани што изгубија, да направиме една одделна фејсбук група за нив и сите овие граѓани ќе ги информираме, веќе ми пишаа на „Вибер“, да ги информираме да си ги објават сликите од мебелот од покуќнината градежните материјали што донираат, граѓаните што се оштетени да ги погледнат донациите да ги сплотиме и самите они да се договараат“, рече Владимир Чолаковски од Хуманитарни акции.мк

Засега е отворен пункт само во Скопје, но се планира да се отворат и во Прилеп, Битола, Охрид и другите поголеми градови. Од „Хуманитарни акции.мк“, велат дека веќе се мобилизираат, но дека поради летниот период многу од нивните членови се на одмор. Засега имаат околу 40 волонтери на располагање, но очекуваат неделава да мобилизираат околу 100-ина волонтери.

Најавена е помош од Словенија и Германија, а се надеваат дека и домашните институции и некои од амбасадите ќе излезат во пресрет. Акцијата е во координација на коалицијата предвидена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерацијата на Синдикалнтие организации на Македонија и Интернационалната Полициска Организација.

Љубиша Владимиров