Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Наместо конструктивност и поддршка среде криза со пожари, СДСМ фабрикува и шири лажни вести

Бихакќа пушта лажни вести на брза лента – новинарката и водителка во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бихакќа пушта лажни вести на брза лента – новинарката и водителка во ТВ Алфа, Анастасија Илиевска ја вработија во МЕПСО заедно со синот на поранешниот претседател, Иван Иванов, да вршат надзор во државната енргетската компанија. Скандалозното обвинување за партизација на МЕПСО од СДСМ, со блиски луѓе до власта, падна во вода во истиот момент со оглед на тоа дека станува збор за луѓе кои имаат исти лични податоци но различни идентитети.

  • „Прв и најскандалозен избор е изборот на синот експретседателот Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, за член на надзорниот одбор на МЕПСО. Тој е дипломиран политиколог и нема никаква допирна точка со она што ќе треба да го работи. Понатаму, во МЕПСО е згрижена и сопругата на главниот ТВ-водител и пропагандист на ВМРО-ДПМНЕ, Богдан Илиевски, Анастасија. Човекот кој жолчно ги брани секојдневно политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше водач на насилните протест на 27 април, сега конечно наплатува за своето слепо слугување на партијата“, кажа Кузеска.

Синот на екс – претседателот и колешката Илиевска побараа извинување од СДСМ на ист начин како што беа изнесени лагите, а во спортивно правдата ќе ја бараат на суд.

  • „Од СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија за изнесените лаги барам извинување на ист начин во ист формат на прес конференција. Во спротивно, ќе поведам правна постапка“ реагира Анастасија Илиевска.
  • „На госпоѓата Кузеска би сакал да и посочам дека покрај тоа што сум дипломиран политолог како што таа посочи на пресот, истовремено сум и доцент и универзитетски професор по политички науки, па би ја поканил на некое од моите предавања, со што можеби би ги подобрила нејзините политички вештини, па можеби во иднина нема да прави вакви аматерски грешки“ пишува Иван Иванов.


Онаа Анастасија Илиевска која е дел од на Управниот одбор е поранешен државен секретар во МВР и поранешна директорка на УЈП. Како дел од енергетската компанија е задолжена за финансии и менаџмент.  ВМРО-ДПМНЕ негираше и дека станува збор за Иван Иванов – синот на екс претседателот Ѓорге Иванов туку стручно лице.

Реклама
  • „Во недостиг на сериозни аргументи, СДСМ продолжува да ја труе јавноста со дезинформации. Ниту синот на Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, ниту пак сопругата на Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска се назначени за надзор во МЕПСО. Станува збор за комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски. Во СДСМ расколот е очигледен, покрај тоа што мешаат роднини и јавно излегуваат на говорница и прозиваат луѓе, почнале и меѓусебно да се местат“ реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Стигна извинување од Социјал-демократите но не во форма во која беа изнесени неточните информации. Откако се истрчаа од партијата сега велат дека направиле превид, за кој се извинуваат. Во морето на информации кои пристигнувале до нив се правдаат дека стигнала нецелосна информација, која не целосно ја провериле, но заправо очигледно им било поважно да излезат на прес конференција и јавно да ги оцрнат посочените лица кои ги поврзуваат со власта.