Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Неопходни се реформи во судството за да се врати довербата на граѓаните во правната држава

Довербата во правосудниот систем од 2 проценти мора да порасне без разлика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Довербата во правосудниот систем од 2 проценти мора да порасне без разлика какви реформи се потребни за да може државата да оди напред, премиерот Христијан Мицкоски вели дека очајно чека предлози за реформи на судскиот и обвинителскиот совет, за да се врати довербата на граѓаните во судството.

Тој вели дека чека конкретни предлози и решенија и е отворен за секого кој има предлог и идеја како тоа да се направи, само судскиот систем да се исчисти од како што рече криминалните имиња што не донесоа на ова дереџе на кое што сме. Останува на ставот дека судскиот и обвинителскиот совет треба да се распуштат, а доколку некој смета дека треба нешто друго да се направи, тогаш треба да излезе и да каже, подвлече премиерот.

Како и премиерот така и министерот за правда Игор Филков смета дека потребни се итни реформи во правосудството. На денешниот прв брифинг со новинарите тој образложи дека е на иста линија со претставниците на меѓународната заедница во земјава, но и со премиерот во нивните изјави дека мора да се преземе нешто. И покрај инститирањата на новинарите да одговори на какви конкретни предлози мисли, тој остана дециден на тврдењата дека во моментов се бараат решенија,  а потребна е и широка деба.

Реклама

Со оглед на тоа што последните измени на Кривичниот законик предизвикаа бура од реакции во јавноста бидејќи застарија дела на повеќе функционери, министерот Филков информираше дека во моментов се работи на тоа да се формира работна група која ќе направи нови измени согласно критериумите на ЕУ.

Имено, Дејвид Гир како и американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер неодамна изјавија дека реформи во правосудството мора да се донесат и спроведат што побргу, но притоа да се внимава на при носењето и спроведувањето на реформите.