Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Автобуси се палат и се расипуваат, поранешни шофери алармираат дека нема кој да ги сервисира

За еден месец изгореа два автобуси, а еден поради дефект заврши во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За еден месец изгореа два автобуси, а еден поради дефект заврши во жардињера. Не завршува хаосот во ЈСП. Скопјани се жалат и се плашат дека не се чувствуваат безбедно додека се возат.

Поранешниот шофер на ЈСП, Игор Алексиќ, вели дека дефектите на автобусите се случуваат поради недостиг на стручен кадар кој треба редовно да ги сервисира, но и поради недостиг на резервни делови. алармира  дека од септември ситуацијата во ЈСП ќе биде уште полоша затоа што возачи го напуштат претпријатието и заминуваат на работа во странство.

„Значи расклопуваат три автобуси, склопуваат еден. Нови механичари нема, старите се пред пензија, тие имаат обука за старите автобуси, за новите немаат. Башка овие се кинески за делови за нив тешко. Значи кој и да е директор за оваа фирма спас нема, делови нема нема кадар. Досега отидоа 15 луѓе во пензија, а млади не доаѓаат. 15 колеги од Ѓорче гаража сега во петокот дадоа отказ. Од Септември ќе биде голем проблем со возачи“, вели Игор Алексиќ поранешен возач на ЈСП.

Реклама

За хаосот во ЈСП досега многупати реагирале и од синдикатот. Тие побарале и средба со директорот на ЈСП, но оттаму биле игнорирани.

„Состојбата е катастрофална, факт е дека возилата се неиспрвавни. Прична за неисправноста има многу, меѓу другото, нема делови, доволен број автобуси и максимално искористување на возилата од утро до вечер“, изјави Елизабета Тошевска претседател на една од синдикалните организации во ЈСП Спајс.

Директорот на ЈСП, пак проблемот го лоцира во староста на автобусите и според него има доволно возачи. Признава дека автобусите имаат дефекти, затоа што имаат поминато повеќе од половина милион километри, додека оние постарите се со милионска километража .

„Едно и единствено решение е набавка на нови автобуси“, вели Драги Кушковски директор на ЈСП.

Јавното сообраќајно претпријатие во моментов располага со околу 300 автобуси и 570 возачи.

Љубиша Владимиров