Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Таравари: Се работи забрзано за решавање на наследениот хаос со хируршките сали

Продолжуваат проблемите и хаосот со хируршките сали на клиниките кои власта ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжуваат проблемите и хаосот со хируршките сали на клиниките кои власта ги доби во наследство од претходната влада. Министерот за здравство Таравари кој бара брзо решение за надминување на проблемите со набавка на комплетно нова компресорска станица и иснталација за воздх, ги слушнал информациите за присуство на супстанцата формалдехид, но засега вели се е на ниво на шпекулација. Таравари повикува дека треба да се сочека на официјалната истрага која треба да утврди што точно во минатото било причина за реакциите на пациентите што кулминираше со комплетно затворање на хируршките сали. 

„Што и да ви кажам ќе биде неформално, неточно, несигурно. Причекајте, ние сме транспарентни, сето тоа што го добиваме го споделуваме со јавноста и со новинарите“.

Дел од медиумите повикувајќи се на детали од истрагата објавуваат дека компримираниот воздух кој се смета за лек, во меѓувреме, бил евалуиран од фирмата „Дрегер“ и било утврдено дека кога салите работеле во воздухот имало шест пати повисоко присуство на маслена пареа отколку пропишаното со европските стандарди.

Реклама

Во очекување на целосните информации, она што е важно според надлежните е што побрзо да се реши проблемот преку набавка на комплетно нова компресорска станица и инсталација. Таравари вели дека на ова забрзано се работело.

„Веќе работиме на нова набавка за комплетно нова компресорска станица и комплетно нова инсталација. Ссе надевам што поскоро да го решиме овој проблем и да не зборуваме веќе за вакви теми, коишто се непријатни и неубави за сите граѓани, бидејќи создаваат ситуација на несигурност кај пациентите, рече Таравари.

Скандалот со хируршките сали е актуелен уште од мај кога беа затворени поради смрдеа која се ширела од дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. Тогашната власт со денови немаше ефикасно решение што предизвика огромен хаос со операциите за пациентите. Дел од салите проработеа со надворешни компресори, но проблемот остана нерешен. Решението забрзано се бара откако и на тендерот нна 1 јуни немаше ниту една понуда од фирма која ќе набави нова компресорска станица. Таравари е уверен дека решение ќе има до крајот на годината. Во меѓувреме тој ќе инсистира салите на хирургија во клиничкиот центар да бидат целосно ставени во функција.

Љубиша Владимиров