Реклама

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Прилози

Кривична против Бектеши – вршел притисок врз полициски началник за време на изборите

Кривична пријава против Крешник Бектеши-предизборно, излегувајќи надвор од неговите ингеренции, се мешал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривична пријава против Крешник Бектеши-предизборно, излегувајќи надвор од неговите ингеренции, се мешал во работата на полицијата.Екс министерот на денот на изборите преку мобилната апликација “WhatsApp” му пратил порака на началник на охридската полиција,реагирајќи како што дознаваме за одредени активности на полицијата,која ги испитувала пријавените сомнежи за изборни нерегуларности.Началникот на охридската полиција добил порака од Бектеши во момент кога полицијата проверувала наводи за злоупотреба на лични податоци односно за прибирање податоци од избирачи.

Министерството за внатрешни работи сега поднесе пријава против поранешниот министер за економија,за кривично дело “попречување на правдата”- за ова тешко дело кое според полицијата,Бектеши го сторил ден пред изборите, кривичниот законик предвидува и затворска казна од  минимум една година.

„СВР-Охрид поднесе кривична пријава против 39 годишниот К.Б. од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. Пријавениот на 07.05.2024 година преку мобилна апликација од својот мобилен телефон испратил порака до началникот на полицијата во СВР-Охрид во која се изјаснил за преземање законски полициски мерки и истражни дејствија во врска со кривичното дело од чл.149. од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик“.

Реклама

Се обидовме да стапиме во контакт со екс министерот,тој не одговараше на повиците,но тој се огласи преку фејсбук.

Политички прогон, целта на заплашувањето нема да ви помине.Како координатор на Европскиот фронт во изборна единица 5 добив информација дека на денот на изборниот молк,шефот и членовите на персоналот биле контролирани од СПБ Охрид

Бектеши ценел дека полицијата треба да обезбеди фер и демократски избори,затоа му испратил порака на началникот на охридската полиција со следната содржина:

Секоја Ви чест! Јаки сте.Срамота треба да Ви е да се занимавате со млади лица

“Ова е отворен обид за политичка одмазда кон партијата која го институционализираше достоинството на албанскиот народ во оваа земја и да го замолкне гласот на албанскиот народ со враќање на заробената држава”-стои во дел од соопштението со кое се огласија и интегративците.

Росица Голабоска