Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Со ребалансот на буџетот општините се на добар пат за целосна реализација на капиталните проекти

По ребалансот на буџетот, дел од градоначалниците, би знаеле дали повторно ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По ребалансот на буџетот, дел од градоначалниците, би знаеле дали повторно ќе ја активират постапката за издавање на општинска обврзница. Понатомошните планови за реализација на капитални проекти ќе зависат од средствата што ќе им ги доделе централната власт.

  • „Со предвидениот ребаланс се придвидува општините да добијат финансиска поддршка од Владата за реализација на капитални проекти , јас сум убеден дека голем дел од предвидените покрупни проекти коишто се во насока во подобрување на инфраструктурата на локално ниво ќе бидат опфатени со буџетот од државата, односно со поддршката која е најавена од централната власт„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

 Со ребалансот на буџетот се овоможуваат 100милиони евра за директна поддршка на општините,  а на почетокот од наредната година  ќе може да аплицираат   и за средства од унгарскиот заем во висина од 250 милиони евра. Според градоначалниците за Штип, се предвидени 6милиони евра, а за Виница, помош која ќе биде 4 пати повисока од моменталниот буџет што го имат за капитални инвестиции.

  • „Премиерот најави голема помош за општините за решавање на инфраструктурните проблеми. На пример за Виница, се планирани околу 2милиони евра на годишно ниво, што преставува една сума којашто споредено со капиталните инвестиции којшто општината ги има од сопствениот буџет од 30милиони денари, значи 4пати поголем буџет за реализација на капитални проекти„ изјави Миле Петков, градоначалник на Виница.

Градоначалниците, веќе направија план како да се потроши ветената помош. Во Виница ќе се уредува кејот на Виничка река, а се планираат и реконструкција на локалниот патишта и улици. Во Штип пак ќе се реконструира влез на градот, ќе се градат нова обиколница, како и мост на река Брегалница. Инаку Штип беше меѓу првите општини која од претходната власт побара да им биде одобрена општинска обврзница, но  поради технички грешки беше одбиена. Виница пак доби структурна обврзница. Иако тогаш бараа 12, добија само 2.600.000 денари. Парите беа наменети  за подмирување на доспеани обврски наследени од претходното раководство…

Реклама

Александра Ристевска