Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

За филмските миленици на претходната власт имало пари од повеќе места

Томи Салковски, вториот човек на Друштвото на филмски работници, бил еден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Томи Салковски, вториот човек на Друштвото на филмски работници, бил еден од главните тендераши на владата на СДСМ и ДУИ. Како еден од најфинансираните продуценти, за време на претходната власт, од државни тендери, Салковски заработил безмалку 51 милиони денари, односно скоро 830 илјади евра, народни пари.

На Салковски особено му тргнало по 2020та година, кога неговата продуцентска куќа, „Скопје филм“ студио, започнила редовно да добива тендери од Владата, национални установи, општини и културни центри.

За почеток, добивал по ситни суми, но, амбициите и апетитите за државни пари нагло ќе му се зголемат, па само лани, тој ќе ги фати тендерите за организирање на неколку државни манифестации по повод, Илинден,  Денот на независноста, Денот на народното востание, Св. Климент Охридски, како и Денот на сесловенските просветители за што инкасирал најголем дел од вкупно заработеното на тендери, односно скоро 50 милиони денари.

Реклама

Неговото име се појавува и на интернет алатката отворени финансии, каде може да се види дека на неговата сметка, неколку пати легнале државни пари, но, нема образаложение за што му биле доделени. Најмногу добил од Агенцијата за филм и од Град Скопје, нешто над 82 илјади ненари.

Истражувањата на ТВ Алфа покажаа дека Салковски бил еден од најфинансираните продуценти од Агенцијата за филм, во период кога оваа институција е под сомнеж дека нелегално раздавала народни пари. Продуцентските „Скопје Филм студио“, во сопственост на Салковски, заедно со „Црна Мачка“,  во сопственост на неговиот внук, Кристијан Буровски, од Агенцијата за филм добиле финансиска поддршка од 223 милиони денари. Имајќи предвид дека од овие пари, 7% одат лично за продуцентите, нивната лична заработка од државниот буџет преку филмскиот фонд, се проценува на повеќе од 15 милиони денари.

Салковски заработувал и од манифестациите во организација на ДФРМ, а платени од државата. Па така, за организација на филмската ревија „Златна рамка“, само во 2020та година, на сред пандемија тој заработил 132 илјади денари. Манифестација за која министерството за култура утврдило дека постоел судир на интереси, кога им се доделувале пари.

Никола Цветкоски