Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Скопје се сеќава – 61 година од катастрофалниот земјотрес

Ништо не наговестуваше дека на 26-ти јули, пред точно 61-на година, желбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ништо не наговестуваше дека на 26-ти јули, пред точно 61-на година, желбата за добра ноќ на радио водителот ќе остане само желба, а Скопје ќе се биде срамнето со земја. Утрото во 5 часот и 17 минути, за многумина ќе биде кобно, а за уште повеќе, момент кој целосно ќе им го промени текот на животот.

Под градските урнатини, загинале повеќе од илјада луѓе. Над 4000 биле повредени, додека пак повеќе од 200.000 останале без своите домови.

Еден од нив е 77 годишниот Ристо Делев, кој на 16ет годишна возраст, бил заглавен под урнатините повеќе од 40 часа.

Реклама
  • „Ништо не знаевме што се случува. Од надвор слупавме како разговараат, народ како вика. Роднините како не бараат. Не знаев што ниту со мајка ми, иту со таткоп ми, ниту со помалото братче. Тетин имав на гости. После 40 часа излеговме, ни помогнаа. Не знаеме како се спасивме.“ За Алфа ТВ вели Ристо Делев, кој го преживеал трагичниот ден.

Тој вели дека се обидел да копа, за да излезе, но наместо тоа, само ги повредил прстите. Останало да чека на спасувачите.

По поминати безмалку два дена под унратините во целосен мрак, Ристо Делев дознал дека на кобниот ден, загубил 5 членови на свото најблиско семејство.

  • „Кога излеговме, дознавме дека родителите ни се починати. Татко ми Миле Делев, мајка ми, Милица Делева, баба ми, Ружа Делева и тетин ми од Гевгелија, на гости ни беше. Дали паднавме во подрумот, во ќумур, од спалната каде што бевме со браќата… Плочата кај мајка ми и татко ми не попуштила, тие беа згмечени.“ – Раскажува Делев.

Земјотресот кој уништил 80 проценти од градот, бил повод за Скопје да стане град на солидарноста и со помошта од целиот свет, да издигне во метропола. По повеќе од 6 децении, граѓаните и претсавници на државниот врв, да денешен ден положуваат свежо цвеќе на градски гробишта, а низ градот со оддржуваат и низа други активност со цел, овој кобен ден никогаш да не се заморави.

Никола Цветкоски