Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Се стега обрачот околу ДУИ: По внуците на Али Ахмети, власта ќе расчистува и со сомнежи за криминал на блиски до Артан Груби

По кривичните пријави за внуците на Али Ахмети, продолжува да се стега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По кривичните пријави за внуците на Али Ахмети, продолжува да се стега обрачот околу сега опозициската ДУИ и сомнежите за криминал сторени во текот на нивното владеење. Се чешла работењето на Државна лотарија, каде директор се уште е Перпарим Бајрами, кој важи за еден од наблиските до Артан Груби. На владина седница констатирано е дека постоело незаконско делување на Државна лотарија.

-Констатирано е дека Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа, за што ќе бидат информирани и надлежни истражни институции, се вели во соопштението по вчерашната владина седница.

Инаку, сомнежи за криминал во Државна лотарија постојат со години. На само два дена пред изборот на техничката влада, објавија дека ќе потрошат дури 11.800.000 евра за набавка на видеолотариски терминали за приредување игри на среќа.  Оваа набаква дојде само една откако беше договорен тендер со 19 годишен претрпиемач од Куманово, за слична набавка на машини за коцкање.

Реклама

Само во јануари годинава Лотарија потрошила скоро 77 илјади евра за надворешно рекламирање на Џамбо автобуси, а за рекламирање на новите интернет игри потрошиле речиси евра.

Јавноста уште и не добила одговор за наводите дека Државна лотарија го изнајмила деловниот простор од поранешниот ресторан Фестина во Визбегово за  21 илјада евра месечно за објект во скопско Визбегово и тоа за период  од 10 години  или договор тежок 2,6 милиони евра со компанија блиска на ДУИ. Мрежата на фирми како што беше објавено во медиумите завршува кај бизнис партнери поврзани со зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај. Прпарим Бајрами  претходно склучи договор и со Арберија Дизајн, која е омилена фирма на ДУИ и редовно добиваше тендери од коалицијата СДСМ-ДУИ. 

Иако, за скандалите во лотарија цело време се пишува и предупредува, дури сега некој реши да ја чешла нивната работа.

Матеја Петровски