Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Kлековски: За десетина дена ќе знаеме дали ќе има проширување на позитивната листа на лекови

Поради дупката во буџетот ревидирањето на позитната листа на лекови ќе доцни.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради дупката во буџетот ревидирањето на позитната листа на лекови ќе доцни. Според директорот на ФЗО, Сашо Клековски се ќе зависи од ребалансот на државната каса, за потоа да се разгледа колку и кои лкеови да се стават на позитивната листа.Клековски е оптимист дека ќе се реши проблемот на пациентите за да зимаат поефтини лекови, но не кажа рокови кога тоа ќе се случи.

“Mораме да ги видиме приоритетите, бидејќи секој ден се јавуваат од клиники, од болници дека се блокирани, дека фондовите за условно финансирање се потрошени итн. Меѓутоа, убеден сум дека со домаќинско работење ќе најдеме начин да ги покриеме сите потреби што се до крајот на годината. За 2025 малку и да следното гледање на позитивната листа да не биде мало дотерување на листата, туку да биде малку посуштинско, посодржинска промена,” рече Клековски.

Ревидирањето на позитивната листа на лекови стана  надежно, откако се даде одобрение за девет лекови и тоа за зголемен крвен притисок, антидепресиви и за деменција, но за тие да бидат достапни на рецепт мора да добијат зелено светло од Фондот за здравствено осигурување. Клековски вели дека за десетина дена ќе биде познато дали овие медикаменти ќе се купуваат на рецепт.

Реклама

Покрај одобрените девет лекови, министерот за здравство најави дека до крајот на годината ќе има уште едно ревидирање на позитивната листа.

Инаку, повеќе од 15 години во Македонија нема промена и додавање на современи лекови на позитивната листа, на која пак се наоѓаат апчиња кои одамна многу земји ги исфрлиле од употреба.

Досега, неколку министри оптимистички најавуваа достапност на нови лекови на рецепт. Но освен ветувања, никој ништо не реализира.