Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Панче Тошковски ветува дека веќе нема да има недопирливи

Недопирливите ќе станат достапни, а полицијата нема да брка „вештерки“ туку ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недопирливите ќе станат достапни, а полицијата нема да брка „вештерки“ туку ќе ги процесуира предметите за сите што се огрешиле пред законот. Министерот Панче Тошковски најавува засилено темпо во борбата со криминалот.

Поради засилената борба со корупцијата, министерот вели дека очекува жестоки напади за него, напади кои веќе почнаа да се случуваат.

Тошковски вели дека СДСМ фабрикува афера за него и за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, токму кога властите започнале да расчистуваат со криминалите на ДУИ односно по поднесената кривична пријава за Дрин Ахмети.

Реклама

Според министерот, СДСМ со ваквите обвинувања излегува заштитник и како што вели покровител на криминалите коишто ДУИ ги има сторено во минатото.

Од СДСМ пак продолжуваат со обвинувањата. Тврдат дека изјавата на министерот била несериозна.

Тошковски треба да одговори на јавноста која е неговата улога во целиот случај. Дали Тошковски и Јанушев се јавуваат и како соинвеститори за заедничка изградба на зградата во центарот на Скопје?, велат од СДСМ.

Опозицијата обвини дека министерот за внатрешни има стан во центарот на Скопје во иста зграда во која генералниот секретар на Владата Игор Јанушев добил на подарок имот од 325 илјади евра.

Јанушев веќе објасни дека станувало збор за подарок од неговите родители кој и претходно бил пријавен и каде нема ништо спорно.

И едниот и другиот ги повикаа институциите да го испитаат случајот и, како што велат, да потврдат дека се било чисто. Антикроупциската комисија веќе оформи предмет.