Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Од „Менуваме“ бараат да се вратат специјализираните училишта: Додека децата играат баскет на физичко, слепите дете чуваат ранци

Македонското образование се уште ги трпи последиците од катастрофалните и неуспешни реформи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското образование се уште ги трпи последиците од катастрофалните и неуспешни реформи на поранешната министерка Мила Царовска. Наместо најавите дека секое дете ќе го постигне својот максимален потенцијал, се создаде тотален хаос во училиштата.

Од коалицијата „Менуваме“ велат дека инклузивното образование не ги дало посакуваните резултатити и поради тоа случува децата со попреченост да бидат изоставени или заборавени во процесот на образование.

„Еве да ве прашам вас. Имаме час по фискултура така? И сега имаме баскет. И сега имаме 30 дечиња. Јас сум слеп. Дете нели. И сега кажете ми како ќе играм баскет? Не можам да играм. ќе треба да седам да им ги чувам ранците на другарчињата“, рече Суарет Алишан од Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикепт „Менуваме“

Реклама

Од коалицијата бараат враќање на стариот модел на образование односно децата со оштетен слух, вид и говор и другите деца кои имаат некаква попреченост да учат во специјализирани училишта каде ќе има стручњаци кои ќе работат со нив но и со нивните родители.

Како нешто ново што предложивме како коалиција „менуваме“, досегашното образование во државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид, „Димитар Влахов Скопје“, во средното образование, како што беше до сега праксата, како што е картонажа што е застарена програма ПТТ, да биде заменето со средно гимназиско образование како и средно музичко образование, како и информатичко програмирање, кој што и како тоа можат слепите лица да бидат добри програмери да работат на дата база“, рече Алишан.

Овие барања беа претставени пред министерката за образование Весна Јаневска. Во ресорот во моментов се подготвуваат повеќе закони со кои треба да се унапредат образовните услуги. Оттаму веќе порачаа дека родителите ќе имаат избор дали сакаат детето со попреченост да оди во специјализирано училиште или во обично каде на располагање треба да има асистент.

Во Македонија има околу 2.000 деца со попрченост и 650 асистенти, а се работи на ангжирање нови.

Љубиша Владимиров