Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Стопанствениците го поздравуваат планот за брза модернизација на железничкиот дел од Коридорот 10

Брза пруга кон Грција наместо кон Бугарија е сосема логично решение- бизнисот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брза пруга кон Грција наместо кон Бугарија е сосема логично решение- бизнисот со поддршка за  заложбата на Владата дел од средствата кои претходната власт ги земала како кредит за изградба на пругата до Бугарија, да се пренаменат за изградба на брза пруга долж Коридорот 10 по која ќе се вози до 120 километри на час.

Планот на Владата според стопанствениците е очекуван и добредојден. Посебно ако се има предвид фактот дека солунското пристаниште важи за едена од главните трговски точки за македонската економија, која одамна апелира и на подобрување на инфратсруктурата не само кон југ, туку и кон северниот дел долж коридорт 10.

Солунското пристаниште е наш најголем и број еден излез на морските рути, број два алтернатива ни е пристаништето во Драч така да за очекување е оваа рута за брза пруга кон солун да добие приоритет.  За жал со соседна Бугарија трговските рути се многу слаби, во однос на пристаништето Бургас тоа беше актуелно во 90-тите години кога имавме ембарга од страна на Грција, во иднина би требало да се изгради, но по приоритет Солун е број еден, број два Драч , мислам дека оваа одлука е логична и ние ја поддржуваме, вели Трајан Ангелоски претседател на Сојуз на стопански комори

Реклама

Изградбата на брза пруга долж Коридорот 10 би ја поттикнало економската и трговската размена. Од бизнис конфедерацијата на Македонија апелираат да се интензивираат активностите за овој предлог да се реализира час- поскоро. Оттаму гледаат можност и за бенефит во делот на турзимот:

Генерално за самото општество би значело многу, ќе ја поттикне и економската и трговската размена и протокот на стока и патници низ Македонија особено кога станува збор за поврзување на југот со северот .  Кога би се поврзувало со крак кон аеродромот во Скопје би се зголемил и потенцијалот со патници. Поврзувањето на коридор 10, значи дека ќе добиеме конкуренти дестинации од Атина до пазарот на ЕУ, вели за Алфа Миле Бошков од бизнис конфедерација на Македонија

За стопанствениците е многу значајно што со реализацијата на овој проект ќе може да се зголеми конкурентноста, но и да се отворат нови пазари за извоз на домашните производи.

Не само што ќе ја забрза економската активност на некој начин ќе им овозможи полесно, побрзо и поевтино да можат да ги примаат и испорачуваат стоките кои им се потребни, сега ние поради што немаме адекватно железничко решение кон Солун, најголемиот дел од транспортот на стоки се одвива со камиони кој е поскап и со одредени лимити, вели Ангелоски.

Премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски обелоденија дека минатата власт земала кредит за изградба на пруга до Бугарија која завршува во тунел. Сега Владата ќе бара од ЕБОР и ЕИБ дел од средствата да се пренаменат за изградба на брзата пруга на коридор 10 оти  според проектот за реализацијата на 24 километарска пруга кон источниот сосед, како што кажа министерот за транспорт би значело да се уништи дел од Крива Паланка, односно 20 куќи да се срушат, да се израдат 22 тунели, а еден километар да чини 24 милиони, односно целиот проект би чинело околу 560 милиони евра, а нема гаранции дека Бугарија ќе го изгради својот дел.