Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Во Собранието избор на новите заменици-министри, Мицкоски вели за овие четири недели констатиравме дека државата душмански се крадела

Во изминатите 30 дена, се будам со мислата нешто да подобриме и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатите 30 дена, се будам со мислата нешто да подобриме и да промениме од она што го затекнавме – Порача премиерот Христијан Мицкоски кој денеска до Собранието ги достави и последните кадрови решенија за новиот владин состав. Тој истакна дека за новата влада приоритет ќе биде отворање нови работни места и создавање поволна бизнис клима. На новите заменик министри им порача да работат чесно, посветено и одговорно, како и дека секое отстапување од овие принципи ќе значи одговорност.

  • „Јас сум човек кој дава шанса и сметам дека треба шанса да добијат овие луѓе, кои денес ги предлагам и кои треба да работат напорно во исполнување на целите. Со изборот на овие заменици на министрите, нашата цел е да ја зацврстиме стабилноста на Владата и да обезбедиме ефикасна и компетентна извршна власт. Новиот тим ќе донесе свежи идеи и енергија во Владата. Тие ќе работат заедно со министрите за да ги реализираат реформите кои ќе придонесат за подобрување на животниот стандард на сите граѓани“– Порача премиерот Христијан Мицкоски.

Првиот човек на владата во обраќањето пред Собранието, исткна дека откриле оти се трошеле милиони евра за железница која завршува во тунел кој нема излез, половина милијарда евра пари на македонските даночни обврзници, во измислени други тунели и подземни премини, како и дека се давале незаконски лиценци за игри на среќа. За сетоа ова, тој најави одговорност.

  • „Епа господа, бидете така затоа што многу скоро ќе има и одговорност. И нема да ве одмине. Затоа што верувајте дека нема да има напредок без одговорност, и нема да има правда без одговорност. И сите овие, но и многу други случаи кои се документираат во периодов ќе бидат предадени на надлежните органи. Додека една половина од денот носев инвестиции и двоевме повеќе пари за пензии и смислувавме решенија за проекти и градинки, другата половина од времето го трошевме за смислување на решенија за исплата на плати, да обезбедиме нормализирање на состојбите, да обезбедиме летала за пожарите, да најдеме пилоти, да измолиме помош од други држави, затоа што камен на камен не оставено. Но сакам да испратам порака до сите граѓани, навистина е тешко, но ќе победиме и ќе создадеме промени кои ќе донесат иднина и дека граѓаните ги чекаат подобри денови.“ – Додаде Мицкоски.

На собраниската седница иако се избираат нови функционери, дебатата се сведе на обвинувања од опозицијата за политиките на владата во изминатите 30 дена.

Реклама

За заменик-министер во Министерството за одбрана се предлага економистката Елфет Исмаили, за внатрешни работи Астрит Исеини, кој завршил Факултет за физичко образование, за правда правникот Ален Деребан, за односи со заедници Неждeт Мустафа, професор по филозофија.  За заменик на министерот во Министерството за надворешни работи Зоран Димитровски, магистер на политички науки, за европски прашања економистката Викторија Трајков, за финансии економистот Николче Јанкуловски. За економија и труд се предлага економистот Марјан Ристески, за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ, за земјоделство, шумарство и водостопанство професорот по политички науки Флакрон Беџети, за здравство економистот Јовица Андовски, за образование и наука Лулзим Алиу.  За заменик на министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади се предлага економистот Ѓоко Велковски, за локална самоуправа Ерџан Селими магистер по политички науки, за култура и туризам е предложен теологот Седат Сулејмани, за дигитална трансформација економистот Радослав Настасијевиќ Варџиски, за јавна администрација правникот Лазе Јаќимоски, за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, за животна средина и просторно планирање се предлага Ане Лашкоска, за спорт Сафије Садики Шаини инженер по информатика.

Покрај избор на заменик министри, на 11та собраниска седницата, на дневен ред е и изборот на новиот генерален скеретар на влададата, Бобан Стојановски, како и измените на законот за здравствена заштита, со што ќе се укинат економските директори на клиниките.

Никола Цветкоски