Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Кој крадел, а кој лажел? Продолжуваат препукувањата меѓу филмаџииите

Друштвото на филмски работници на Македонија домаќински ги трошело парите кои ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Друштвото на филмски работници на Македонија домаќински ги трошело парите кои ги добива од државниот буџет и од членарини – тврдат оттаму, иако не нудат никакви докази за тоа.

Оваа реакција следи по сериозните обвинувања од поранешен претседател на надзорниот одбор, Никола Мадиќ, кој за Алфа ТВ порача оти тие ги криеле финансиските извештаи и оти има недоследности во бројките.

  • За неоснованоста на неговите „сомнежи“ говори инспекцискиот наод на Министерството за култура во 2021 година, кој не утврди никаква незаконитост… а уште повеќе говори одлуката на Собранието на Друштвото, кое со речиси апсолутно мнозинство го прифати извештајот за трошењето на средствата.“ – Велат од ДФРМ.

Мадиќ смета дека вистинската причина за неговото исклучување се неговите сомнежи дека ДФРМ, под раководство на Игор Иванов – Изи и Томи Салковски ненаменски го трошеле буџетот.

Реклама
  • „Видовме дека некои работи не се поклопуваат во однос на цифрите. Во рекапитуларот стоеше сума приближна до 1.400.000, додека во останатите страници беа наведени само суми кои што се само од уплата од членовите на ДФРМ и некои ситни банкарски провизии и адвокатски трошоци. Можеше да се забележи дека има повеќе ставки, каде што средствата се трошени во ресторани, за разни пригоди, како состанци на Управен одбор. Во некои не ни стои зошто, само стојат имињата на рестораните. Можеше да се увиди дека се трошени средства за изнајмување на автомобили, за патарини и разни трошоци за парувањето.“ – Изјави продуцентот и поранешен претседател на надзорен одбор во ДФРМ, Никола Мадиќ.

Надзорниот одбор на ДФРМ, додека со него раководел Никола Мадиќ, во неколку наврати се обидел да да направи увид во тоа, како Иванов и Салковски ги користат народните пари, но и покрај тоа, тие ги криеле извештаите. Во документите до кои дојде ТВ Алфа, лесно воочливо е дека раководството ги криело финансиските извештаи.

  • Со оглед на тоа што извештаите не ги добивме, не можевме да се произнесеме по нив. Со оглед на тоа што не ги добивме ни по второто барање, Надзорниот одбор на ДФРМ се оградува од постапките и донесените одлуки на Претседателот и Управниот одбор.“ – Пишува во дел од записник на Надзорниот одбор на ДФРМ.

По инсистирањето на Мадиќ да си ја изврши должноста, ДФРМ го исклучило од своите редови, а на негово место, претседател на надзорниот одбор станал Бранко Петровски. За него, Министерството за култура утврдило судир на интереси, бидејќи, додека ја извршувал функцијата во друштвото, седум години по ред незаконски бил назначуван за финансиски советник во Агенцијата за филм, односно одлучувал кои филмаџии ќе земат народни пари, а кои не. Петровски подоцна е унапред во член на управниот одбор на Агенцијата за филм.

Никола Цветкоски