Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Заврши истрагата за Палевски Палчо: Нема детали што е собрано како доказ против осомничениот убиец

Заврши истрагата против првооомничениот Љупчо Палевски Палчо за двојното убиство на 14…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши истрагата против првооомничениот Љупчо Палевски Палчо за двојното убиство на 14 годишната Вања и велешанецот Жежовски, што ја згрози не само македонската јавност, туку и регионот, потврди за Алфа адвокатот на Палевски, Марјан Витановски. Согласно постапката, во наредните 15 дена, бранителот на Палевски Палчо ќе може да предлага нови докази, а потоа Обвинителството треба да поднесе обвинение до Кривичниот суд.

Одбраната на првоосомничениот во наредните две недели ќе направи увид во доказите, но нема да предлага нови докази се до стартот на судењето, вели Витановски.

Сепак, судскиот процес против Палевски Палчо најверојатно ќе стартува крајот на август или почетокот на септември бидејќи Кривичниот суд ќе треба да го оцени пред да одреди термин за рочиште. Засега е неизвесно дали и како ќе се спојат постапките против првоовомничениуот и останатите негови сопартијци за кои веќе е закажан почетокот на судскиот процес за 30 јули, бидејќи роковите не го дозволуваат тоа.

Реклама

Откако ќе поминат наредните 15 дена, по поднсување на обвинението Кривичниот суд има рок од 15 дена да го оцени, па потоа да го закаже стартот. Додека почне судењето, постапката против останатите обвинети може да дојде и до доказна постапка, навистина не знам доколку планираат какои ќе го иозведат спојувањето. Според роковите, судењето за Палевски Палчо нема да почне до крајот на август, вели Марјан Витановски, адвокат на Љупчо Палевски Палчо.

Истрагата против Палевски започна во мај откако беше екстрадиран од Турција.

Останатите, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов се товарат дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата. Тие кога беа приведени го посочија Палевски како главниот организатор на грабнувањата и извршител на убиствата и ја однесоа полицијата до телата на жртвите.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка. Целта, според обвинението, им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп. Судската постапка треба да одговори зошто 14 годишната Вања е ликвидирана веднаш по грабнувањето, ако киднаперите сакале откуп.