Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

ОЈО да ги истражи тендерите во РЕК Битола на „марковски компани“, ОЈО веќе постапува

Обвинителство да ги истражи тендерите во РЕК Битола што ги доби Марковски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителство да ги истражи тендерите во РЕК Битола што ги доби Марковски компани  на чело со сопственикот Борче Марковски, почесниот конзул на Белорусија во земјава – бара пратеникот Антонио Милошоски откако пред десетина дена Марковски Компани се најде во извештајот на ревизорите. Обвинителите по службена должност веќе го добија извештајот, а од  обвинителство информираат дека веќе се постапува.

Ревизорите констатирале декa во РЕК Битола биле спроведувани постапки со преговарање во  четири очи  без јасно дефинирани критериуми, нееднаков третман на компаниите и расипничко користење на јавните средства.

Тој објаснува три примери во кои битолските фирми , “Марковски Компани” и “Дигер доо добиле како што вели наместени тендери.

Реклама

При една набавка, одбиена е компанија која нудела подобри услови, а избрана е Марковски компани, а во друга пак, се глумело конкуренција за битолската компанија на конзулот да ја задржи високата цена. Во третиот пример одбиена е компанијата Рубитон Битола за ангажирање на механизација и тендерот е доделен на друга битолска компанија. Компанијата Рубитон Битола пред неколку години обвинуваше за притисоци од менаџментот на РЕК Битола.

Во   постапката   за   Ангажирање   на   услуги   за   помошна   механизација   за потребите   на   рударската   оператива   во   РЕК   Битола   од   2022, утврдено е неосновано отфрлање на понудата на компанијата “Рубитон Битола” и бил склучен договор со “ДИГЕР ДОО Битола” за ангажирање на механизација во вредност од 1,4М€ и скучен анекс од 244.000€. На овој начин се анулирала конкуренцијата за да нема поповолни цени. Рубитон е истата фирма која во 2020 година го пријави тогашниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во МВР дека и вршел  вршел притисок да отстапат дел од договорот што го склучиле за ископ во РЕК Битола или во спротивно да му платат 250.000€ во готово, пишува Антонио Милошоски.

Морало да се склучи милионскиот договор со „ Марковски компани “ за РЕК Битола непречено да произведува струја, тврдат од ЕСМ во одговори за АЛфа.

Стручни лица утврдиле дека било непохнодно да се склучи зделката за изнајмување на механизацијата од која компанијата на белорускиот почесен конзул ќарува 4.8 милиони евра.

Инаку,  Марковски компани“  е фирма која е основана во 2002 година со паричен влог од 2.500 евра, но последниве години стана омилена на власта СДСМ – ДУИ, за делење на тендери.