Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Пеколните температури во јули ќе донесат и „пеколни“ сметки за струја

Потокаловата фаза во која влезе Македонија со пеколни температури над 40 степени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потокаловата фаза во која влезе Македонија со пеколни температури над 40 степени ќе удри и по џебот на граѓаните. Клима уредите се единствениот спас од горештините, а според податоците на ЕВН, потрошувачката на струја во првата половина на јули е зголемена за 11 % во однос на ланскиот период, истиот месец.

Според податоците на ЕВН, во месец јули потрошени се 254.492 мегават часови, што се должи на високите температури. Минатата година вкупната потрошувачка на електрична енергија, за периодот 01 до 17 јули изнесувала 229.575 мегават часови. Оттаму појаснуваат дека разликата се јавува заради температурите.

Поради вклучените клими, но и поради новата цена на струја повисока за 0, 5 %,  на  домаќинставата коишто влегуваат во потрошувачка на првиот и вториот блок, граѓаните очекуваат и посолени сметки.

Реклама

Според последните најави од УХМР високите температури ќе се задржат и наредниот месец. Ако во јули потрошувачката е зголемена над 10 %, очигледно дека потрошувачката на струја ќе продолжи да се зголемува.

Рекорден ден  според потрошувачката во екот на топлотниот бран бил 17 јули кога биле потрошени 17.018 мегават часови.

Освен Македонија, топлотниот бран ги зафати и останатите земји од Западен Балкан поради што Србија го урна и рекордот со потрошувачка на струја.