Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Државните институции во Македонија функционираат без проблеми

Државните институции во Македонија останаа безбедни по глобалниот интернет напад. Беа погодени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државните институции во Македонија останаа безбедни по глобалниот интернет напад. Беа погодени само некои компании поврзани на платформата „Мајкрософт“.  Министерот за информатичко општество Стефан Андоновски ја смири ситуацијата и објасни дека станува збор за несоодветност на ресурсите на платформата „Мајкрософт“ и дека одредени приватни институции кои биле поврзани на таа платформа, преку нивните сервиси предизвикале пад на системот.

„Што се однесува до државните институции, во постојано комуникација сме и со министерката за енергетика, но и со другите одговорни лица не се пријавени досегашни падови на системите во државните институции. Има некои информации во дел од приватниот сектор, но мислам дека тоа се изолирани случаи кои веќе се надминуваат. Како што ја гледам ситуацијата во моментов, станува збор за изолиран инцидент во „Мајкрософт“, или со него поврзани системи, така што не очекувам да има поголеми проблеми во државните институции“, изјави Стефан Андоновски министер за информатичко општество и дигитална трансформација.

Андоновски рече дека Македонија во наредниот период ќе  работи на номинирање на стручни лица кои треба да изработат стратегија за сајбер безбедност и на закон за сајбер заштита и дека  веќе ги имаат номинациите, од сите државни институции кои се засегнати. Само на ваков начин Македонија може да одговори на ваквите сајбер закани.

Реклама

„Ова е добра најава за она што ќе го работиме во наредниот период веќе испративме барања за номинирања на стручни лица во работната група за изработка на стратегијата за сајбер безбедност и изработка на законот за сајбер заштита. Можам да кажам дека во најголемиот дел од институциите веќе ги добивме номинациите, од сите државни институции, засегнати. Ние ќе го водиме процесот заедно со нашите партнери, меѓународни партнери и партнери во НАТО, за изработка на стратегија за сајбер безбедност закон за сајбер заштита и патоказ протокол како се однесуваме во случај на инциденти кои што можат да се појават“, изјави Андоновски.

ИТ инфраструктурата на државните институции е слаба и треба да се работи на нејзино подобрување. Во изминатите години беа хакирани  системите на  повеќе државните институции. Лани беше хакиран системот на Фондот за здравство со што се предизвика колапс на здравствениот систем, а беше нападнат и информатичкиот систем на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но, за среќа, таму имале копија на податоците и можеле брзо да го возобноват системот. Пред извесно време беа нападнати и системите на Министерството за образование и наука, на Министерството за финансии, на Министерството за надворешни работи, на УЈП, на Народната банка, а претходно беше хакирана и Државната изборна комисија.

Љубиша Владимиров