Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

По серијата прилози за криминални шеми во Агенцијата за филм, директорот Ангелов си поднесува оставка

Директорот на Агенцијата за филм си поднесува оставка. Ова следува по серијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Агенцијата за филм си поднесува оставка. Ова следува по серијата прилози и истражувањата на ТВ Алфа кои отворија сериозни сомнежи за криминал и корупција во филмската индустрија.

Владимир Ангелов во изјава за Алфа вели дека не чуствува одговорност зашто на функцијата бил нешто повеќе од шест месеци. Се надева дека друго раководство можеби ќе има повеќе можности за да ги саниира состојбите.

  • „Пред една недела имав состанок со новиот министер Љутков, на кој што искрено му понудив, дека ако моето заминување е решението за проблемите во кои што се наоѓа Агенцијата, дека веднаш ќе си дадам оставка. …Се надевам дека новата власт ќе донесе некој со кого што ќе имаат поголема соработка, кој што ќе има директни контакти со врвот на оваа власт и дека на тој начин многу брзо би се разрешиле состојбите и во Агенцијата и во дејноста.“ – Изјави директорот на Агенцијата за филм во оставка, Владимир Ангелов.

Иако беше прв човек на Агенцијата за филм, тој вели дека пред да стапи на функцијата само делумно бил свесен за незавидната состојба во која се наоѓа институцијата, како и целата македонска филмска индустрија и оти информациите ги добивал од медиумите.

Реклама
  • „Дали била затечена или не, да, ситуцијата е затечена. Состојбата ми беше делумно позната. На крајот на краиштата, за состојбата во Агенцијата беше убаво елаборирана во медиумите и претходно. Не само преку поединечни случаи, туку преку цела една серија на натписи. Можам да кажам дека од внатре, работата не е толку црно-бела како што се прикажува од надвор.“ – Додаде Ангелов.

Тој на чело на Агенцијата за филм дојде во февруари годинава, по седум годишното директорување со Кинотека на Македонија, односно, откако техничката Влада го разреши долгогодишниот директор Бојан Лазаревски, кој се поврзува со наводите за криминално работење и злоупотреби.

На јавниот оглас за именување на Ангелов, кандидат повторно беше и Бојан Лазаравски. Работењето на претходникот Лазаревски беше одбележано со иницијативата на Државната комисија за спречување корупција до обвинителството, за кривично гонење пореди несовесно работење и трошење на буџетски средства, како и крајно негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за истите проблеми, но владата одбиваше да го разреши и му го продолжуваше мандатот.

Додека пак работата на неговиот наследник Ангелов, кој денес си поднесува оставка од функцијата, ја одбележа скандалозниот инспекциски надзор од Министерството за култура, во кој меѓу другото, се нотира дека Агенцијата за филм била заробена од мала група филмаџии, кои преку судир на интереси и злоупотреби на позициите, си ги вртеле народните пари меѓусебно, помеѓу затворен круг на продукциски куќи, блиски до друштвото на филмски работници.

Никола Цветкоски