Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Пеколни температури, автобусите на ЈСП преполни и неклиматизирани

Како по казна. Граѓаните кои што го користат јавниот превоз, доживуваат невиден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како по казна. Граѓаните кои што го користат јавниот превоз, доживуваат невиден пекол во преполните градски автобуси, а надворешната температура на сонце ближи кон 50 степени. Ако ви се погоди автобус без клима, возењето наликува на престој во сауна.

Без клима секој се разладува како знае и умеем додека стигне до саканата дестинација.

Алфа направи обиколка да види каква е состојбата внатре во автобусите и забележавме дека во некои од нив климите не работат, па патниците ги отвориле сите прозорци за да може возењето колку толку им биде поподносливо.

Реклама

Небзбедни, нефункционални и некомфорни. Вакви се дел од автобусите кои секојдневно им предизвикуваат проблеми на граѓаните, па мораат да истрпат, без оглед дали тргнале на работа или на лекар. Реакции имаше и на социјалните мрежи каде е објавено видео како возачот вози без клима, додека температурата внатре во автобусот е на неиздржливи 49 степени.

Граѓаните секојдневно се жалат на јавниот сообраќај во градот, но надлежните како да не се заинтерсрани за сопствените надлежности. Ги прашавме во град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие што планираат да направат во врска со решавање на проблемот со климите, како по обичај оттаму молк.  

Љубиша Владимиров