Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

„Шеќерна приказна“ за миленците на Агенцијата за филм – одобрени пари, нереализирани проекти

„Шеќерната приказна ќе стане филмска“ – ова беше еден од насловите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Шеќерната приказна ќе стане филмска“ – ова беше еден од насловите во медиумите, кога на продуцентот Томи Салковски и режисерот Игор Иванов – Изи им беа одобрени 46 милиони денари, односно безмалку 750 илјади евра, народни пари од Агенцијата за филм, за да создадат македонски, анимиран игран филм за деца. Филмска адаптација на безвремената приказна за деца на Славко Јаневски. Но, „Шеќерното дете“ никогаш не го виде светлото на денот.

Овој проект кој доби најголема финансиска поддршка на конкурсот во 2016та, му беа одобрени и пари од странски, меѓународни фондови за филм. За негова реализација се чекаше се до промената на власта, кога продукциската куќа на Томи Салковски, „Скопје Филм Студио“ се откажа од снимање на филмот, па и покрај тоа што ја изневериле довербата на домашните институции и меѓународните партнери, Агенцијата за филм, во 2018-та повторно ќе ги награди Томи Салковски и Игор Иванов со најголема финансиска поддршка за таа година. Цели 42 милни денари, односно безмалку 700 илјади евра, народни пари за снимање на филмот „Хомо“.

Анимираниот филм кој иако никогаш не успеа да ги израдува децата, беше агресивно рекламиран на меѓународните филмски фестивали, во Литванија, Франција, Италија, Холандија и Германија.

Реклама

За тоа, што се случи со него, прашавме во Агенцијата за филм, но оттаму одговор не добивме.

Нејасно е зошто проектот не е реализиран, но последниот извештај на Министерството за култура, фрла сомнеж за можни проневери.

  • Агенцијата за филм не води соодветна ажурна евиденција за реализација на филмските проекти и нетранспарентно и без почитување на законските обврски врши исплата на продуцентските куќи – Пишува во надзорниот извештај на Министерството за Култура за работата на Агенција за филм.

Инаку, Игор Иванов Изи, кој требаше да го режира овој филм, е помеѓу оние кои најмногу се офајдиле од државната каса во изминтиве неколку години. Заедно со неговиот соработник, Томи Салковски, кој исто така ги наполнил џебовите со над сто милиони денари, народни пари. Истражувањата на ТВ Алфа обелодени серизни сомнежи дека овие двајца филмаџии, заедно со дел од раководството на Агенцијата за филм можеби го оштетиле државниот буџет. Но, од правосудните органи се уште нема никаква реакција.

Никола Цветкоски