Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Унеска: криминалот во Агенцијата за филм не е изненадување

Корупција и криминални зделки се главните карактеристики кои ја одбележаа работата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корупција и криминални зделки се главните карактеристики кои ја одбележаа работата на Агенција за филм во изминативе неколку години , вели филмската критичарка Сунчица Унеска, која додава дека ова е резултат на политичките конекции помеѓу дел од филмаџиите со претходната власт на СДСМ.

  • „Големата коруптивност, концентриање моќ во мала група луѓе, многу незаконити постапки, многу голема дискриминација, многу фаворизирање на продуцентски куќи, многу безаконие, многу работи кои се направени спротивно на закон. Тоа би било она што би го издвоила, а кое што трае со години за жал.“ – Изјави филмската критичарка Сунчица Унеска.  

Нејзината реакција доаѓа по серијата прилози на ТВ Алфа кои ги разоткриваат сомнителните шеми во Агенцијата за филм, но и по последниот извештај на Минис терството за Култура во кој се нотира судир на интереси, нелегално раздавање на народните пари, како и ред други криминални активности, за кои филмската критичарка Унеска вели дека не се изненадување. Таа додава дека во извештаите и на други институции, повеќе години наназад е нотирано криминалното работење на оваа Агенција.

  • „Минатогодишниот извештај на државниот завод за ревизија, кој што исто беше многу негативен, го нарекуваа „паушален“, „подмолен“, „срамен“… Затоа што агенцијата работела неверојатно успешно и они сакале да ја дескридитираат. Истото се случува сега. Од страна на неколку челници на ДФРМ, кои што, исто овој извештај го нарекоа со најлоши зборови. Дека сака да ги дескридитира, дека е гробар на македонскиот филм… Што е нависитина срамно и невидено.“ – Истакна Унеска.

Таа е разочарана од правосудните органи, будејќи не превземаат ништо. А особено од претходниот состав на Собранието, за вели дека знаеле што се случува во Агенцијата за филм, но замижувале на криминалот.

Реклама

Истражувањата на Тв Алфа обелоденија дека токму институцијата која треба да се грижи и да ја развива македонската филмска индустрија, ја довело пред колапс. Според документите од Министерството за Култура до кои дојдовме, само во 2022, Агенцијата за филм на конкурсите за финансирање филмски проекти од национален интерес, распределила средства во износ од над 330 милиони денари, односно двојно повеќе од буџетот кој бил предвиден за филмска дејност. Со ова, тие го оштетиле државнот буџет и го загрозиле производството на домашни филмови за идните пет години.

Никола Цветкоски