Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Огнената стихија над Битола е ставена под контрола, критичните жаришта ги „чуваат“ дежурни екипи

 Огнената стихија над Битола која за неполни два дена „проголта“ над 120…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Огнената стихија над Битола која за неполни два дена „проголта“ над 120 хектари разновидна шумска вегетација и градот го наполни со густ чад, од рано утрово ставена е под контрола. А обиколницата од Битола кон Ресен, повторено е пуштена за сообраќај.

„Засега состојбата е добра. Нема проширување на огнот, а нема ни индикации за такво нешто, иако тоа е многу тешко да се предвиди, бидејќи состојбата најмногу зависи од временските прилики, а кои за жал ни малку не ни се наклонети. Скриените, а се’ уште активни жаришта секако дека ги има, ама тие будно се „чуваат“ од стационираните дежурни екипи од професионални пожарникари, доброволни друштва, јавни претпријатија, бидејќи и најслабиот ветар во комбинација со екстремно високите температури, лесно можат пак да го разгорат огнот. Но, се надеваме дека тоа нема да се случи“, – ни рече командрот на битолската ТППЕ, Горан Димковски.

  И градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој во изминативе два дена и самиот постојано беше на терен, ни потврди дека денска ситуацијата е смирена и очекува дека така и ќе остане.

Реклама

-„Направен е широк обрач околу опожареното подрачје за жариштата кои се внатре да не можат да добијат сила и пак да направат проблем, како што ни се случи и вчера попладнето кога веќе локализираниот оган ни префрли на другата страна од планината. Се боревме цела ноќ, ама успеавме. Но, морам да кажам дека без државната воздушна поддршка од шесте летала кои ни беа пуштени во два наврати, само со нашата интервенција од земја, се сомневам дека ќе успеевме. Огромна благодарност до сите инситуции, но и граѓани кои во ниту еден момент не не’ оставија сами да се бориме со пеколната стихија“, – ни изјави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

  Инаку, првичните претпоставки се дека пожарот кој избувна завчера нешто пред 17 часот на ридот над Битола од тунелот кон Бензиската „Лукоил“ и се прошири високо во планината кон месноста викана „Бел камен“, најверојатно бил предизвикан од човечки фактор, односно од палење на дива депонија во околината на населбата „Баир“, што не е првпат. Дури и доцна синоќа на овој потег се појави уште еден посилен пожар кој според пишувањата на загрижените граѓани на социјалните мрежи, малку недостигало да зафати и некои од куќите.

Каролина Дурло