Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Гори и од другата страна на планината Серта: Пожарот кај Радовиш е ставен под контрола, останува опасноста кај Пенуш

Шумскиот пожар кај Радовиш ставен под целосна контрола. Иако има спорадични пламени,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шумскиот пожар кај Радовиш ставен под целосна контрола. Иако има спорадични пламени, пожарот не може да се шири и да зафати нови површини. Критично беше вчера, кога огнот, во близина на селото Штурово над Радовиш, на планината Плачковица, се закануваше  да ги зафати блиските куќи и викендици. Од друга страна, се уште гори во близина на штипските села Драгоево и Селце. Поради екстремно непристапниот терен, на денешниот координативен состанок на Кризниот штаб, се донесе одлука да се бара и помош од воздух.  Во моментот гори месноста Штркалево, кај полигонот Пенуш. Дополнителен проблем е неиспуканата муниција, која синоќа се активирала, поради што противпожарните еклипи биле повлечени од теренот ..

  • „Потребно е делување од воздух за да се изгасне и локализира оваа огнена стихија . она коешто ние го имаме како план е да се насочи, да се контролира огнот и пожарот којшто на овие локации веќе неколку денови е ективен„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
  • „Бидејќи на воениот полигон е ризично за дејствување имаме неиспукана муниција  само ја следиме состојбата и чекаме поддршка од воздух„ изјави Благој Ренџов, командир на ППЕ-Штип.

Високите температури и правецот на ветрот, се добар сојузник на огнената стихија која беснее по тешко пристапниот терен. Изутрината екипата на Алфа, ги посети овие две села, во подножјето на планината Серта. Огнот не се гледа со голо око, но  длабоко во ридовите се забележува густиот чад кој сее страв меѓу месното население. 

  • „Се плашиме, ако огнот ни дојде од запад може и селото да ни изоре. Штом дувне ветрот и сонцето огрее пак почнува да чури во планината. Има полиција, војници..мислам дека работата ја држат под контрола. Многу жално, изгоре цел рид. Овде имаше борова шума, пошумена во педесетите години„ велат жителите на селата Драгоево и Селце.

Штипскиот градоначалник денеска упати апел до сите граѓани доколку можат и се чувствуваат подготвени, доброволно да се вклучат во борбата со огнената стихија. 

Реклама

Александра Ристевска