Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Oбвинителството влегува во ЈСП: Ќе се истражува дали низ Скопје се пуштаат неисправни автобуси

Надвор плус 40, внатре можеби и плус 50, без клима. Скопјани почнаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надвор плус 40, внатре можеби и плус 50, без клима. Скопјани почнаа да се онесвестуваат во градските автобуси. Патник колабирал во Ѓорче Петров по што интервенирала и итната помош. Слична ситуација имало и пред некој ден во Автокоманда.

Автобусите доцнат, па на постојките се чека и до еден час а некогаш и повеќе, а кога ќе влезете внатре преполно.

Дополнителен проблем е техничката неисправност на најголем дел од возилата,  чашата ја прели излетувањето на автобусот со број 2 кој заврши во жардињера најверојатно поради неисправен волан. Основното јавно обвинителство веќе оформило предмет и презема дејствија за испитување на случајот.

Реклама

„Согласно наредбата, во присуство на вештото лице, ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Дадени се насоки да се извршат и разговори со лица кои имаат сознанија за настанот“, велат од Основно јавно обвинителство.

Возачот Ферзи Арифи кој го управуваше овој автобус, тврдеше дека до ЈСП веќе подолг период, тој и неговите колеги пријавувале дефекти и дека наместо возилата да бидат поправени, нивните барања биле игнорирани.  

„Ми е жал за патниците, ама вакво нешто повеќе не може, доста више, доста више со партал возила, да возиме патници кои не се виновни, ми е жал. Слушнав дека пукна на воланот нешто и ме повлече јас да се качам таму“, рече Арифи.

Јавното сообраќајно претпријатие располага со околу 300 автобуси, но околу 20% од нив се целосно неисправни, па седат во гаражите на ЈСП. Дел од оние кои се во сообраќај, пак, имаат поситни дефекти како расипани трепкачи или светла кои сепак сериозно ја нарушуваат безбедноста.

Љубиша Владимиров