Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Доналд Трамп преживеа обид за атентат – Напаѓачот убиен

Поранешнот претседател на САД и актуелен кандидат Доналд Трамп преживеа обид за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешнот претседател на САД и актуелен кандидат Доналд Трамп преживеа обид за атентат. Додека говореше за илегалната имиграција за време на на предизборниот митинг во градот Батлер Пенсилванија , само пет минути откако го почна говорот, беше застрелан во уво. 20 годишниот Напаѓач Томас Метју Крукс, беше застрелан од тајната служба, по што поранешниот американски претседател беше извлечен од бината од агенти од тајната служба .

Според објавите во американските медиуми, убиен бил маж кој што присуствувал на собирот a тешко ранети се уште двајца  учесници. Трамп е во добра состојба, тој се огласи преку социјалните мрежи изразувајќи сочуство до семејството на убиениот и се заблагодари на службите за брзата реакција

„Најважно, сакам да изразам сочувство до семејството на убиениот на митингот, како и до семејството на уште едно лице кое беше тешко повредено. Ме погоди куршум кој помина низ горниот дел од десното уво. Веднаш знаев дека нешто не е во ред бидејќи слушнав свиреж, истрели и веднаш почувствував како куршумот пукна низ кожата. Имаше многу крварење, па тоа е кога сфатив што се случува“. Бог да ја благослови Америка, напиша Трамп.

Реклама

Очевидци од публиката која го следала митингот раскажуваат дека се слушнале истрели кои биле многу гласни и доаѓаат од блиска дистанца. Веднаш откако се случило пукањето, полицајците на државата Пенсилванија и тимовите на SWAT почнале да ги евакуираат присутните на собирот.

Се што знам е дека имаше истрели, скокнав преку оградата, ја ставив раката на еден човек и тоа беше , вели очевидец

Бев многу блиску , и наеднаш ги слушнав четирите истрели и сите почнаа да врескаат и можеше да се види крвта на неговото лице … беше многу страшно , вели девојка која присуствувала на настанот.

 Американскиот претседател Џо Бајден повика на единство откако неговиот републикански ривал беше застрелан и го осуди чинот упатувајќи порака  дека во Америка нема место за политичко насилство.

Нема место во САД за ваков вид насилство. Болно е. Болно е. Тоа е една од причините зошто мораме да ја обединиме оваа земја… Не можеме да бидеме вака, не можеме да го одобриме ова. Јас сакам да се заблагодарам на тајната служба и на сите агенции  Идејата дека има политичко насилство или вакво насилство во САД е невидено. Сите, сите мора да го осудат“, ЏО Бајден – Претседател на САД

Нападот се случува  на четири месеци до претседателските избори во САД  кои треба да се одржат на почетокот на ноември. Според анкетите поранешниот претседател Доналд Трамп и актуелниот Џо Бајден се во тесна трка за тронот во Белата куќа.