Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Скопје на плус 40 степени се гуши во смет, смрдеа и прашина

Нечисти улици, преполни контејнери, неподнослива миризба. Среде пеколни температури Скопје се дави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нечисти улици, преполни контејнери, неподнослива миризба. Среде пеколни температури Скопје се дави во смет. Граѓаните се револтирани од неработата на градските служби за кои редовно плаќаат, а не добиваат никаква услуга.

Реагираат дека градското комунално претпријатие не си ја има завршено работата како што треба.

Проблемите се евидентни во повеќе делови на метрополата. Градоначалниците во скопските општини велат дека преземаат чекори во рамки на нивните надлежности, кои сепак се ограничени. Клучниот проблем велат е кај Градот кој ги има сите ингеренции. Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓеоргивски прстот го посочи кон градоначалничката Данела Арсовска, а неодамна поднесе и прекршочна пријава против јавното комунално претпријатие заради ненавремено собирање на сметот.

Реклама

„Практично катастрофата од Шилегов продолжи да се провлекува во изминативе три години со градот Скопје. Скопје генерално личи на една голема депонија. Околу контејнерите што е најтрагично, по неколку дена стои истиот не се собира, дополнително во руралните средини, имаме проблем каде што кантите од домаќинствата не се собираат по неколку дена, таков пример имавме во Драчево, Усје, во Пинтија, во Припор“, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода.

Ѓеоргиевски вели дека ќе продолжи да го извршува делот за кој има овластување и дека во целата работа досега имал позитивен пристап. Тој веќе и како претседател на ЗЕЛС понудил решение за решавање на проблемот со собирањето на отпадот.

„Она што нам ни останува е да го сервисираме делот онаму каде што имаме овластување и каде што можеме да делуваме и покрај тоа што нашите служби во споредба со службите во град Скопје се десеткувани, зборам за службите хигиена кои што ние ги имаме како општини. Ние повикавме во неколку наврати, јас како претседател на ЗЕЛС тоа го побарав, да направиме трансформација односно да се растури на некој начин да се подели комунална хигиена, на начин што секоја општина би си земала свои обврски, надлежности, но и би си земала дел од механизацијата, соодветно према територијата и бројот на жители колку што и следува, нормално и вработени и оние кои што им се раководители“, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода.

Од градот Скопје пак вината не ја гледаат кај себе. Оттаму велат дека Комунална Хигиена навремено го собира сметот и дека инспекциските служби биле секојдневно на терен и активно санкционирале со највисоки глоби.

„ЈП Комунална Хигиена секојдневно известува за континуирано и редовно извршување на својата работа како и дека е невозможно по несовесни лица кои генерираат прекумерен отпад да се собира истиот надвор од утврдениот комунален ред. Воедно апелираме и до Инспекциските служби на општините и Министерството за животна средина активно да се вклучат за целосно решавање на проблемот“, велат од Град Скопје.

Каква е реалноста, регистрираше камерата на Алфа која затекна контејнери кои се прелеваат или воопшто не функционираат, па граѓаните не можат да ги користат и мораат да фрлаат отпад околу нив. Врие и на социјалните мрежи каде Граѓаните прашуваат каде завршуваат милионите евра даночни пари кои ги плаќаат редовно. Прашуваат дали претпријатието има доволен број на механизација и вработени за навреме го собираат сметот.

Љубиша Владимиров