Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Иако доби забрана медицинскиот факултет на Мерко повикува студенти да се запишуваат, МОН најави ревизија

Иако е поништена лиценцата за отворање на Факултет за здравствени науки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако е поништена лиценцата за отворање на Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет кој делумно е сопственост на синот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, Генц Мерко,на официјалната фејбук стана на универзитетот без око да им трепне,повикуваат идни студенти да аплицираат за изучување на здравствените науки. Од почетната веб стана на Универзитетот е тргнат факултетот за здравствени науки,но кога ќе ја одберете опцијата за избор на факултет,таму сеуште стои спорниот факултет.Раководителот на универзитетот Арменд Кардиу,кој се појави една од телевизиите заканувајќи се со кривични пријави доколку им биде одземено решението за работа, ќе се судри со Државниот просветен испекторат и членови на комисија од министерството за образование кои ќе извршат ревизија врз нивното работење.

  • Ќе има ревизија на скоро сите универзитети, веројатно на сите, но малку треба време.Ќе почнеме од таму каде што се пријавуваат неправилности и постепено со тек на време ќе направиме ревизија на сите.Веќе имаме и ќе почнеме да постапуваме. Имаме за т.н. Универзитет на Мерко, за уште еден државен универзитет, имаме за уште еден приватен, штом ќе бидам готови ревизиите ќе биде јавно објавено” -вели Весна Јаневска,министер за образование

Онакму каде што ќе се откријат недоследности во работењето односат последици,а дел од универзитетите ќе бидат затворени,потенцира министерката Јаневска.Таа кажа дека ќе се проверува и начинот на кој се делеле дипломи,посебно нана струшкиот Меѓународен Универизетот каде наводно се откриени  над 800 ненострифицирани дипломи.

  • “Тоа што не исполнува услови не може да работи, гледајте какви инвестиции имаме за да има услови за работа и да се стекнува образование и знаење, а ќе дозволиме таму каде што нема услови да се работи, тоа нема да биде” -вели  Јаневска

Што се однесува до ревизиите на програмите во основното образование,веќе се стопирани програмите за 7-мо,8-мо и 9-то одделение.Новите ќе бидат готови навреме пред почетокот на учебната година во септември, рече Јаневка која посети неколку училишта во Охрид.

Реклама

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски