Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Десет закони од областа на енергетиката на дневен ред на собраниска седница

Помали сметки за струја, поголемо количество електрична енергија за државата. Новата Влада…

Сподели:

Помали сметки за струја, поголемо количество електрична енергија за државата. Новата Влада продолжува да работи во насока на подобрување на капацитетите на енергетскиот сектор. Со десет закони од областа на енергетиката кои што поминаа на пленарна седница во Собранието, новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суроини, станува оперативно. Згасна Агенцијата за енергетика и управниот одбор, како и одборот на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати. Вработените од двете агенции како и директорот на Агенцијата за задолжителни деривати одат под капата на новото министерство со кое ќе раководи министерката за енергетика Сања Божиновска. Законските решенија треба да донесат бенефит за граѓаните но и да овозможат поголема ефикасноста на енергетските потенцијали во Македонија, вели пратеникот Стојановски.

Со изгласаните закони кон новото Министерство преминуваат и сите останати  надлежностите од областа на енергетиката, рударството и минералните суровини што досега беа во рамки на Министерството за економија.

Енергетиката, не е единствениот сектор во кој власта создава услови за поефикасно управување. Реформи има и во здравството каде уште во старт Владата донесе одлука за укинување на економските директори во Јавните здравствени установи. Со оваа мерка Владата информираше дека се стреми кон подобрување на ефикасноста во управувањето со здравствените установи, намалување на административните трошоци и насочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги.