Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Нема веќе свиткана кичма: Новата власт со многу подобра и поактивна надворешна политка, за разлика од пасивноста на Заев и Ковачевски

Јасно кажување на македонските ставови е доказ дека новата власт во Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јасно кажување на македонските ставови е доказ дека новата власт во Македонија има многу поактивна и подобра надворешна политика за разлика од пасивноста на претходните владини состави предводени од Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон оствари голем број билатерални средби со високопрофилни политички фигури, а во една од своите пораки од Вашингтон кажа дека Македонија нема веќе да ја витка кичмата и дека треба да се гледа кон иднината. Поранешниот амбасадор Јован Донев за Алфа вели дека и претходно бил потребен ваков поцврст став од власта.

-Прво и основно правило е дека Македонија е суверена држава, без оглед што ние мислиме за Македонија. Значи можеме да мислиме и најлошо за Македонија, Македонија е суверна држава, независна држава и она по различни прашања ќе има и различни ставови од некои други земји членки на НАТО или на ЕУ. Ние не можеме да бараме да се сложат другите земји со нашите ставови, меѓутоа мора да ги респректираат, изјави Донев.

Според Донев понизноста која Македонија ја имала со претходната власт, дополнително ја отежнувала нашата преговарачка позиција.

Реклама

-Оној момент кога ние ги презентираме нашите ставови и разговараме, многу им е полесно на нашите соговорници да не разберат и да знаат на која позиција сме ние. На тој начин полесно се преговара во иднина, ако вие само потврдувате и климате со главата вие создавате кај другата страна недоумици, ме разбирате затоа што никој нормален дипломат нема да ви прифати само да му климате со главата, одма почнува да се прашува дали сте вие сериозен соговорник, изјави Донев.

Според Донев, владиниот кабинет предводен од Мицкоски покажал дека Македонија јасно дава поддршка на политиките на НАТО.

-Важно е дека ја реафирмиравме политиката на Македонија во однос на членството наше во НАТО и поддршката на политките на НАТО, што е исклучително важно, заради потврда на она што нели и претходно го збореше додека беше во опозиција Мицкоски и неговите соработници, меѓутоа сега и од позиција на премиер, изјави Донев.

Според познавачите новата политика на надворешен план би требало да донесе бенефит за Македонија на политички, економски и безбедносен план.

Матеја Петровски