Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Агенција за филм или агенција за скандали? „Скопје филм студио“ и „Црна мачка“ добиле 3.6 милиони евра народни пари

„Скопје филм Студио“ и „Црна Мачка“ – заедничко за овие две продукциски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Скопје филм Студио“ и „Црна Мачка“ – заедничко за овие две продукциски куќи се огромните суми државни пари кои ги добиваат, но и семејно – бизнис релациите кои ги поврзуваат.

Од формирањето на Агенцијата за филм, односно изминатите 10 години, само овие две компании, заедно се закитиле со вртоглави 223 милиони денари, односно повеќе од 3,6 милиони евра, нарoдни пари.

„Скопје филм студио“ е во сопственост на Томи Салковски, додека пак „Црна мачка“ е на неговиот внук, Кристијан Буровски.

Реклама

Двајцата се членови на друштвото на филмски работници, од кои Салковски е на раководна позиција. Здружение кое е под сомение дека сториле кривични дела и против законски биле финансирани од државниот буџет.

  • Агенцијата за филм незаконски во периодот од 2018 заклучно со 2023 година ја финансирала работата на ДФРМ, со што незаконски им доделила средства од 7.080.000,00 денари.“ – Пишува во надзорниот извештај на Министерство за култура за работата на Агенција за Филм

Често, режија на филмовите на кои работел Томи Салковски, е претседателот на ова друштво, Игор Иванов – Изи. Организација која цели две години не дала оправдание како ги трошела парите, поради што, нема траг како се потрошени околу 3 милиони денари.

  • „За годините 2022 и 2023та година, ДФРМ не доставило до Агенцијата за филм извештаи за потрошените средства. Агенцијата за филм не побарала од ДФРМ да достави извештаи, ниту покренала соодветна судска постапка за недоставените извештаи.“ – Стои во извштајот од култура.

За парите на кои им нема траг, неодамна на пресконференција, претседателот на ДФРМ, Игор Иванов – Изи, се правдаше дека нивните извештаи не биле пронајдени, затоа што инспекторите од министерството за култура не ги побарале.

Во извештајот на култура се споменуваат и судирот на интереси кои го имале овие луѓе, со лица ангажирани во Агенцијата за филм. Додека оваа институција им ги полнела џебовите со народни пари, член на управен одбор била Снежана Станковиќ, долгогодишен адвокат на Друштвото на филмски работници. Додека пак за тоа, кој ќе земе народни пари, меѓу другите, одлучувал Бранко Петровски, кој во исто време бил и претседател на надзорниот одбор во ДФРМ, додека пак во Агенцијата за филм спротивно на законот за филмска дејност, бил избиран за финансиски советник 7 години по ред, за неодамна да биде награден со членство во управниот одбор на оваа институција.

Никола Цветкоски