Реклама
Прилози

„Лист продукција“ тврди дека извештајот од министерство за култура е фабрикуван, но не приложува никакви докази за тоа

„Лист продукција“ контра инспекторите од Министерството за култура. Од продукцијата за која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Лист продукција“ контра инспекторите од Министерството за култура. Од продукцијата за која ТВ Алфа објави дека со фалсификувани документи добила пари од Агенцијата за филм, тврдат дека не се точни наводите на надзорот од култура и дека Извештајот е фабрикуван. Но „Лист продукција“ во одговорот кој го испрати не нуди документи или други докази за да го поткрепи ова тврдење. 

  • „Селективното избирање на делови од Записник од инспекциски надзор, направен по пријава од Банана филм во септември 2023 година, кој притоа не укажува на никакви неправилности во постапката за префрлување на филмот “Сестри”, направено по ист принцип како и префрувањето на филмот “Врба”,  е очајнички обид на здружениот фронт сочинет од луѓе во заминување да се фрли дамка на успешното работење на Лист Продукција во изминатите години. Обидот за креирање на случај од филмот “Сестри”, е само обид за одвлекување на вниманието од реалноста која се случува во македонскиот филм“, стои во одговорот од продукцијата.

Од продукцијата наведуваат дека имале информации декаизвештај од култура, подготвен во мај годинава, бил фабрикуван, но ниту за ова не приложуваат никакви докази за ваквите наводи.

  • „До Лист Продукција дојдоа информации дека од страна на раководни лица во Министерството за култура е вршен притисок врз инспекторите во истоименото министерство да се влијае на Записникот за извршен инспекциски надзор во септември 2023 година, а истите закани се искажани и пред раководни лица во Агенцијата за филм.“ – Додава Димитрова од „Лист продукција“.

Тие најавуваат судски постапки против службениците и раководните лица кои работеле на Извештајот.

Реклама

Инаку ТВ Алфа обелодени дека „Лист продукција“, во сопственост на невенчаната сопруга на режисерот Игор Иванов – Изи, Марија Димитрова, е под сомнение дека земале државни пари со фалисификат документи.

  • Иако инспекторот утврдил дека филмскиот продуцент „Лист продукција“ доставил неточни податоци, односно дал изјава со невистинита соддржина, Управниот одбор на Агенцијата за филм ниту расправал за потребата од преземање на конкретни дејствија за давањето изјава со невиситинита соддржина од страна на филмскиот продуцент, ниту пак донел некаква одлука во однос на овој продуцент – Стои во надзорниот извештај на Министерство за култура за работата на Агенција за Филм.

Инспекторите од Култура утврдиле дека, со цел правата од филмот „Сестри“ да преминат од „Круг филм“, кај „Лист продукција“, во прашалникот навеле неточни податоци за да го изиграат законот за филмска дејност. Во документот пишува дека тоа се случувало бидејќи дел од продуциските куќи биле повластени, а Управниот одбор на Агенцијата за филм селективно одлучувал и толерирал фалисифкувани апликации. Компнијата „Лист продукција“ пак, од основањето на Агенцијата за филм, односно изминатава деценија, од државниот буџет инкасирале околу 85 милони денари, односно скоро 1,4 милиони евра. На конкурсите особено им тргнало по 2017та, кога некои години добивале народни пари и за повеќе од еден проект, а особено плодна им била 2022та, кога се закитиле со 44 милиони денари од државниот буџет, за филм насловен „Белиот“, во режија на Игор Иванов– Изи.

Инаку според истражувањето на ТВ Алфа, за работењето на Агенцијата за филм, и наводите за криминал, корупиција, непотизам и судир на интереси, само во 2022, оваа инситуција потрошила повеќе од 330 милиони денари, народни пари, двојно повеќе од тоа што им било доделено од државната каса. Поради ова, Агенцијата за филм не само што е под сомнение дека го оштетила државниот буџет, туку и дека го загрозила остварувањето на домашната филмска дејност во наредните 5 години.

Никола Цветкоски